Најтажната фотографија која ќе ја видите денес

Минатата година, Џули Аписела од Англија, како и многу мајки, ја фотографирала својата убава ќерка Емили за својот прв школски ден. Оваа година, Џули повторно објави фотографија од истото место, но без Емили.

Во декември минатата година, 8-годишната Емили починала откако ја изгубила три годишната битка со рак на белите дробови. Оваа година, на 7 септември, Џули ја објави оваа фотографија на својот профил на Facebook.



- Време е за на училиште – очигледно дека некој специјален недостига – мојата ќерка Емили. Замислете ако фотографијата оваа година е последната која ќе ја направите и ќе ви остане само како спомен, стои во описот.

Џули ги замоли сите пријатели да објават златна машничка наместо нивна профилна фотографија , што претставува интернационален симбол за децата заболени од рак, со цел да ја подигне свеста за оваа ужасна болест.

- Ова може да биде ваша реалност во иднина. Едно од 285 деца имаат дијагноза на рак.

Во рок од една недела, нејзината фотографија беше споделена 9.000 пати. Оваа мајка се обидува да ја направи популарна златната машничка, исто како и розовата, со цел да се подигне свеста и да се овозможат подобри методи на лекување за сите дечиња низ светот.

- Мојата ќерка веќе немаше можности и како фамилија моравме да гледаме како ракот и го напаѓа телото, а не можевме ништо да направиме за да ја излекуваме. Ниту еден родител не смее да го закопа своето дете, изјави Џули за Huffington Post.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби