Пешачките премини се многу здодевни и исти насекаде, иако имаат многу важна функција. Но, бугарскиот уметник Христо Гуелов, одлучил да го промени тоа и да ги направи повпечатливи.
Имено, тој решил во Мадрд да ги обои пешачките во шарени бои, а со тоа создавал и уметнички дела, кој ги нарекол Funnycross. Употребувал разни бои и геометриски дезени.
Сепак, според него не е сè во уметноста, па се надева дека ќе го покрене вниманието и на возачите и на пешаците со цел да внимаваат повеќе кога се движат низ сообраќај.