„Соларис“ – патување на друга планета или патување во себе?

Автор: Моника Илкова

Може ли да се разбере универзумот без прво да се разбере сопственото срце?

Дури и ако веќе сте гледале некоја од трите филмувани верзии на „Соларис“, меѓу кои и онаа во режија на Стивен Содерберг, продукција на Џејмс Камерон и Џорџ Клуни во главната улога, читањето на овој роман ќе ви претставува ново, неповторливо патување. Предупредувам – со малку клаустофобична атмосфера! Доколку, пак, сè уште не сте го гледале филмот, никако немојте да го ставите пред книгата! „Соларис“ е од неодамна конечно достапна и на македонски, во издание на издавачката куќа „Антолог“.



Единствениот жител на планетата Соларис е океанот што ја покрива речиси целата нејзина површина. Океан со непознат состав или гигантски мозок, организам, икс билиони метаморфна плазма? И по долгогодишните истражувања на научниците, за него не се знае речиси ништо. Затоа, пак, океанот за научниците, се чини, знае многу повеќе. Неколку дена по еден рендгенски експеримент, океанот дава одговор на зрачењето со поинакво зрачење, најверојатно сондирајќи ги мозоците на научниците и добивајќи од нив извесни „психички кожурци“. Така, тој успева нивните потсвесни сеќавања, мечти, љубови, болки, да ги отелотвори во „гости“ на Станицата. Пред психологот Крис Келвин се појавува неговата почината сопруга, Хари. И не, тој не халуцинира! „Што ли се случило навистина? Што ли значеше ова? Ова тело, толку слабо и нежно – во суштина е неуништливо – во својата основа, се покажува дека е направено од ништо?“ Тоа не се личности, ниту копии на одредени личности, туку материјализирани проекции на она што во врска со дадена личност го содржи мозокот на научниците на Соларис. Кондензирани спомени и фантазии. Да, Соларис е научнофантастичен роман, но исто така е и длабоко филозофски и психолошки, па би додала и – љубовен. „Зашто си ми подрагоцена отколку оние дванаесет години живот што му ги посветив на Соларис и затоа што сакам да бидам со тебе и понатаму...“, ќе каже Келвин. „Понекогаш љубовта е толку силна што отвора ходници на места каде што невозможното станува возможно“, се вели во трејлерот за „Соларис“.

„Соларис“ не е само патување на друга планета, „Соларис“ е патување длабоко во себе! Човекот тргнал да се сретне со други светови, други цивилизации, без докрај да си ги запознае сопствените сокачиња, слепи улички, бунари, забарикадираните темни порти.

Доколку сакате да уживате во ова патување, одговорете точно на прашањето „Кој е режисер на претставата направена според романот „Соларис“, чија премиера е закажана за 26 септември во МНТ“?, а ИДИВИДИ во соработка со издавачката куќа „Антолог“ ќе доделат примерок од романот „Соларис“ од Станислав Лем на еден од вас по случаен избор.

Точниот одговор напишете го во коментар на овој линк, кој е споделен на нашиот официјален Facebook профил, а воедно споделете ја и јавно оваа вест. За да го пронајдете точниот одговор, побарајте помош на овој линк или пак на репертоарот на МНТ. Добитникот ќе биде објавен во понеделник на 26-ти септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби