Со „едно споделување“ до ГРАТИС КУРС по фотографија, филмски актер или сликарство

Школата за уметност „Џолев и уметностите“ веќе петта година креира едукативни програми од областа на уметноста, а ние заедно традиционално ја продолжуваме соработката и доделуваме гратис курс. 

Сите читатели на Идивиди кои ќе ја споделат јавно (направат public shаre) оваа вест од фан страната на Идивиди на својот профил на Facebook и под постот ќе оставaт свое име, презиме и програма (пр. Име Презиме - Курс по фотографија) стануваат потенцијален добитник и учесник на една од активните програми: Курс по фотографија, Обука за филмски актер или Работилница по цртање.

Добитникот ќе биде објавен во вторник, 18-ти октомври.

За своето искуство, свој коментар даде Бојан Велевски (студент по историја на уметност, фотограф) добитникот на гратис курс по фотографија од последната одржана сезона во „Џолев и уметностите“.

-Мнoгу бев пријaтнo изненaден кoгa дoзнaв декa јaс бев избрaн кaкo дoбитник нa грaтис курсoт пo фoтoгрaфијa. Резултaтите ги видoв сoсемa случaјнo, 3 денa пo oбјaвувaњетo и мнoгу бев среќен. Курсoт ми беше еднo гoлемo искуствo, едноставно ми се проширија хоризонтите и видувањата за фотографијата, но и перцепцијата на светот околу нас. Секако, стекнaв нoви пријaтелствa и нaучив кoрисни сoвети oд нaши прoфесиoнaлни фoтoгрaфи!“ - вели Бојан, кој во меѓувреме беше дел од неколку фотографски изложби, меѓу кои и учество на Саемот за уметност „Паратисима“, како и добитник на награда за најдобра фотографија на конкурс организиран од „Извидничкиот сојуз на Македонија“.

За искуството од програмата „Обука за филм и филмски актер“, ни сподели ученичката Викторија Николовска од ДСУ „Никола Карев“.

-Никогаш не верував, а од секогаш посакував да глумам пред камера, да бидам вистинска актерка, но тоа беше само дел од обуката која пред се ја разви мојата имагинација, стекнав самодоверба кон моите идеи и ставови, но истовремено ме натера да размислувам критички. Обуката ми појасни што навистина значи филмската уметност и сето тоа преку игра и забава, помеѓу сите тие светла и камери. Со нетрпение ја очекувам нашата филмска премиера!

-Стартот пред секоја сезона е возбудлив, одвај чекам да започнеме! Фотоапарати, пејзажи, портрети, светла, модели, студио, кафиња, колачиња... Со актерите нов филм, театар, кино, дискусии, игри, камери, микрофони, шминки, додека сликарите со нови платна, четки, пријателства, нови бои, со стара желба и страст! - додаде Дејан Џолев, основач и сопственик на „Џолев и уметностите“.

Во тек е пријавувањето на тримесечни едукативно-уметнички програми: ФОТОГРАФИЈА, ФИЛМСКИ АКТЕР и СЛИКАЊЕ, што треба да започнат од 22 октомври.

Повеќе за „Џолев и уметностите“ на официјалната Facebook страна.

Контакт: 078/ 892- 678.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби