КОЛУМНА

Од оговарачите си патиме

Секој од нас има многу пријатели, без разлика дали тие се искрени или не. Колку пати до сега сте седнале на кафе и првото нешто што сте го слушнале од одредени луѓе било: Кажи некој трач? Нема некоја новина кај комшиите твои, слушам ќе се разведувале.. А, да ме прашаше како сум, бе душо или не те интересира тоа толку многу колку што те интересираат животите на другите?



Векот во кој живееме е век на маски, лицемерни фаци кои се шетаат насекаде околу нас. Дури и ние самите си ставаме маска во зависност со кои луѓе ќе се сретнеме. Ако треба да се видиме со некој во кој немаме доверба, ја ставаме маската дека сè околу нас е сјајно, прекрасно, животот ни е мед и млеко, затоа што не треба токму тие луѓе да знаат што ни се случува. Како и да е, пак нè оговараат, бидете сигурни во тоа.

Повторно вие сте главна тема на разговор и веднаш на сите оние желни за да слушнат некој муабет, им соопштуваат како вие сте ги прикривале вашите проблеми. Тогаш дури и нагодуваат: сигурно се скарала со маж ѝ, може и ја намалиле платата и ја шутнале во некоја пониска позиција во компанијата, дојде во една кошула од лани сигурно веќе немаат пари, ги исцицаа сите пари на свекор ѝ....

Луѓе што ви е? Која е таа толку хранлива состојка во овие муабети, која што ви го храни егото? Проблемот е во тоа што не сакате да се соочите со вашите проблеми и мора да се храните со проблемите на другите, па поради тоа немате вистински пријатели. Верувајте, не ви се пријатели оние со кои оговарате некој, затоа што и тие вас ве оговараат зад ваш грб, исто како и вие нив.

Сите знаат колкава е вашата морална вредност = 0!



Токму поради вас, светот стана лошо место, во кое што човек не може да си најде искрен пријател, во кое не може да го сподели проблемот само поради тоа што се плаши тој некој да не го издаде, да не каже дека има проблеми во бракот (што реално секој има) да не се смее поради тоа што има проблеми со пари (не познавам човек кој нема) и да не слушне сосема различна приказна за него од тоа што навистина се случува.

„Драги“ оговарачи и „сочни речители“, самите си ја одредувате вредноста! Веќе е касно да се правите „чесни сестри“ и да не оговарате. Општеството добро ве знае какви сте и не очекувајте искрено пријателство со никој. Продолжете да оговарате и да зборувате што сакате, на крај сите за вас зборуваат дека не може да ви се верува. Па, вие први дознавате сè и сигурно си додавате од вас повеќе работи. Кога ќе остарите и кога ќе ве погазат вашите лични проблеми е тогаш ќе сфатите што сте направиле. Тогаш ќе ви стане јасно дека не сте требале да шетате со носот до небо затоа што мажот ви го унапредиле, но знаете и дека почнал афера со секретарката.

Сепак сте оговарале за животите на сите други небаре се шпанска серија, наместо да седнете и да ги решите домашните проблеми. Тогаш ќе биде веќе доцна за сè... Oдамна сте си ја одредиле судбината, а нас нема да ни биде жал за вас, бидејќи ве множиме со една обична и ситна 0.

И запомнете, оговарањето умира кога ќе стигне до ушите на паметен човек.

Ваша, А



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби