Секогаш кога ја вадиме зимската гардероба, вклучувајќи ги и капутите, имаат некој мирис кој воопшто не е пријатен. Но, со едноставен трик може да ја вратите свежината на облеката.
Ставете вотка во шише со распрскувач, а капутот закачете го на закачалка. Испрскајте го капутот со вотката и оставете го да се исуши. Откако ќе се исуши ќе видете дека повеќе нема да го има тој мирис, бидејќи алкохолот ги убива сите бактерии кои предизвикуваат непријатен мирис.
Овој трик може да го користите и на материјали како што се волна, памук и полиестер, додека не се препорачува за кожа, свила или други пософистицирани ткаенини.