ЗА ЗДРАВА КОЖА, СВЕЖО ЦВЕЌЕ ДУРИ И ПРАЗЕН АКУМУЛАТОР

Аспирин – таблетата која помага во многу ситуации

Еден од најпродаваните таблети против болки е токму аспиринот. Освен што може да ви ја елиминира болката, може да ви помогне и во многу други ситуации. Кои се тие?

Против првут



Аспиринот содржи салицилна киселина, која го навлажнува скалпот и помага при првут во косата. Освен тоа, може да ја заштити косата од опаѓање. Сè што треба да направите е да искршите 2-3 аспирина и да ги измешате со количината на шампонот со кој си ја миете косата. Оставете да отстои неколку минути, а потоа измијте.

Средство за чистење на кожата



Исто така, аспиринот е добар противник на акните. Салицилната киселина има моќ да ги отстрани мастите и мртвите клетки од кожата. Ги намалува отоците, ги чисти порите и делува смирувачки на кожата. Искршете една таблета во ¼ шолја со вода и една мала лажичка мед. Измешајте ги состојките и смесата нанесете ја на лицето. По 10 минути измијте со млака вода.

Отстранување на дамки од пот



Дамките од пот на облеката е многу тешко да се отстранат, особено оние жолтите! Аспиринот може да помогне ако издробите 5 таблети и ги помешате со ¼ шолја вода и истото да го нанесете на дамката да делува неколку минути. Потоа исперете ја облеката на сосема вообичаен начин и дамките ќе ги снема.

Автомеханичар



Ако вашиот акумулатор не успева да го запали автомобилот, веројатно е празен. Ако немате време да чекате за помош, искршите неколку таблети аспирин и потрудете се да ги ставите на отворот на акумулаторот. Салицилната киселина реагира на сулфурната киселина во акумулаторот и веднаш ќе го врати во живот.

Во градината



Салицилната киселина е во можност да го блокира производството на етилниот, кој е главна причина за овенување на цвеќето. Измешајте 3 таблети аспирин со чаша вода и вашето цвеќе ќе остане свежо подолго време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби