ПЕТОЧНА КОЛУМНА

На времето имаше една „наука“ се викаше култура

Американскиот белетрист Чарлс Паланиук, во една прилика изјавил: Првиот чекор кон одржување на контролата врз животот – особено на оние младите полни со енергија, живот и талент, не е да посегнат кон парите, туку кон одржувањето на својата култура. Да го прикажат и демонстрираат светот во кој тие посакуваат да живеат.

Порано, нашите баби и дедовци се одликувале со неверојатно висока култура. Се дотерувале на секое излегување од дома, носеле кошули и врски, жените ги штиркале везените рачно плетени јаки на кошулите, биле тивки и секогаш расположени за да помогнат на кој било. Кавалерите биле секојдневие и секогаш имало кој да ја отвори вратата од некоја продавница, да го намести столот за да седне дамата и да подаде запалка за да ја запалиш цигарата, иако тие не пушеле, но редовно носеле. Дамата се движела нога пред нога, пристојно и стегнато, срамежливо фрлала поглед кон толпата мажи, кои најкултурно ја отпоздравувале.



Многумина од младите, кои растеле покрај баба и дедо, денес знаат да покажат некој од овие сега веќе „таленти“. Реткост е да пронајдеш момче или девојка која ќе се однесува со овие манири. Сепак, општеството си го налага тоа. Постарите генерации, се уште имаат такви манири, на кои искрено им завидувам.

За кого да се трудат мажите? За дамите? Зарем има денес дами во општеството? Зарем постои некоја девојка која знае како да се однесува, која не пие ко маж, која не се облекува ко да е спремна за акција во секој момент и која знае каде и е границата? Секоја чест на исклучоците.

Кога посетувам културни манифестации се чудам на културата која ја има народот. Прво, се појавуваат во облека како да е подготвена да го освојува актерот на театарските штици, мислиш ќе му шири нозе на оперскиот пејач, кој го дава својот максимум во изведбата или како да мислиш ќе го јавне Бред Пит преку филмското платно.

Второ, се довикуваат од ред во ред, зборуваат гласно, им ѕвонат мобилните телефони, даваат аплауз кога е врвот на сцената и стануваат за време на претставата. Па каде со таа култура? Каде со тоа однесување? Во Европа?! Па од таму ќе нè вратат уште кога ќе не видат како сме облечени!



Мили мои, катастрофа сме! Се разочарувам од однесувањето на младите, а искрено се плашам од оние генерации кои допрва доаѓаат. Ако манирите на денешните млади се сведени на минимум, што е со тие помалите? Ќе немаат трошка манири, затоа што ќе нема кој да ги поучи. Поминувајте време со вашите постари генерации, без разлика дали тоа се дедовци и баби, родители, чичковци и стрини, но научете нешто за културата од нив!

Направете го општеството убаво место за живеење и немојте да губите време со „евтини“ луѓе, туку со оние културните. Вие сте онакви, какво што ви е друштвото. Потрудете се тоа да биде едно културно, пристојно друштво, кое ќе биде пример за сите околу вас. Почнете од себе и проширете ја културата. Без неа сме ништо!

Ваша, А



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби