НА СЕКОИ 12 СЕКУНДИ НОВА КОЦКА

Занимливости за LEGO коцките кои не сте ги знаеле

Целата приказна за LEGO коцките започнува во Данска, но денес се произведуваат низ целиот свет. Официјалното „раѓање“ на коцките се случило во 1947 година. Освен што се една од најубавите играчки за деца, LEGO коцките ги сакаат и возрасните, а некои од нив ги користат во професионалната кариера. Што е она што не сте го знаеле за овие уникатни играчки?



Името LEGO има посебно значење

Основачот на коцките, Оле Кирк Кристансен го измислил името како комбинација од зборовите „Leg“ и „Godt“ што во превод значи „играј си убаво“. Исто така интересен е фактот што на латински токму тој назив значи собирам, спојувам и читам.

LEGO коцките од 1958 година се уште може да се комбинираат

Коцките се дел од еден универзален систем, па дури и оние најпрвите може да се комбинираат и спојуваат со оние кои се изработуваат денес. Без оглед на кој сет припаѓаат, секој дел е компатибилен со друг дел и овозможуваат во целост да се изрази човечката фантазија и креативност

Само 6 коцки се доволни дури за 915 милиони различни комбинации

Проверете колку коцки ви се потребни за 24 комбинации.



Отприлика на секои 12 секунди се произведува нова коцка

Коцките се достапни во 53 бои, а во продавниците на мало ширум светот секоја секунда се продаваат во просек по 7 комплети на LEGO фигури, а LEGO да беа луѓе, до сега ќе беа најбројната популација во светот.

Изградена е цела куќа само од LEGO коцки

Во 2009 година, Џејмс Меј од Велика Британија ја конструираше првата куќа на светот изградена од LEGO коцки. За да се изгради, потребни биле 3.3 милиони коцки, а куќата содржела и функционално купатило, кое исто така е направено од LEGO.

Уметниците изработуваат скулптури од LEGO коцки

Првиот уметник кој почнал да ги користи коцките бил Нејтан Савеј, а неговата изложба се нарекувала „The Art of The Brick“ или во превод „Уметноста на коцките“. Уметникот Шон Кени, кој сам себе се нарече професионално дете, изгради кариера поради скулптурата која ја изработи само од LEGO коцки.

Најголем произведен LEGO е Таџ Махал



Таџ Махал, индиската гробница која ја создале 20.000 луѓе има своја LEGO реплика. Најголемиот комерцијално произведен LEGO е составен од 5.922 LEGO коцки.

Од LEGO коцки е произведен и Брајовиот печатач

Ова година, 12-годишен генијалец од Калифорнија, го искористил LEGO MindstormsEV3 комплет и направил функционален Брајов печатач. Откако видел дека е од голема помош за слепите лица, изработил прототип на принтер за слепи, вреден 350 долари, а кој во малопродажба чини околу 2000 долари.

Најголемата светска кула се наоѓа во Јапонија и изградена е од 430.000 коцки



Во 1999 година, Star Wars LEGO коцките станаа прв лиценциран тематски сет кој го произвела фирмата



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби