Исчезнати остатоци на бродови од Втората светска војна

Остатоците од 6 потонати воени бродови и подморница кои лежеле на дното на морето Јава од 1942-ра, ги снемало – а поморските власти не можат да го објаснат исчезнувањето.

Три холандски, шест британски бродови, како и една американска подморница потонале за време на Битката за морето Јава во втората светска војна, кога сојузничките сили биле поразени од Империјалистичката јапонска морнарица.

Откритието е направено за време на подготовките за 75 годишнината од битката која е наредната година, а холандското Министерство за одбрана веќе потврдило дека 2 нивни брода (HNLMS De Ruyter и HNLMS Java) се комплетно исчезнати. Голем дел и од третиот холандски брод, HNLMS Korteaner, исто така е исчезнат.

Кратко по ова, британското Министерство за одбрана потврдило дека нивните HMS Exeter и HMS Encounter исто така исчезнале, заедно со голем дел од HMS Electra.



Американската подморница USS Perch, исто така ја нема.

Поморските истражувачи користеле сонар да креираат 3D мапа од морското дно каде што остатоците се наоѓале, и иако нив ги нема, вдлабнатитие кои што ги оставиле сè уште се видливи.

За причината на овие исчезнувања е лансирана интернационална истрага, а се сомнева дека тоа можат да бидат собирачи на старо железо, кои обично се маскираат како локални риболовци, и користат експлозиви за да ги распарчат остатоците на дното.

Но не сите се уверени во оваа приказна – големината на бродовите и длабочината на која што биле потонати (70м), значи дека нивното комплетно преместување би било исклучително тешко, а за да тоа се изведе би било потребно долго време и би морале да бидат вклучени големи кранови и останата опрема, која сигурно ќе била забележана од некого.

Додека официјалните власти не објават било што конкретно во врска со начинот на исчезнувањето, сето ова ќе остане мистерија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби