Сите жители на едно село преку ноќ станаа милионери

Жителите на малото шпанско село Церезалес дел Кондадо, неодамна станаа милионери, благодарение на генералниот извршен директор на пивото Corona.

Имено, тој доаѓал токму од ова село, кое што денес брои 80 жители. Станува збор за Антонино Фернандез, кој починал во август оваа година во 100-та година од својот живот, а во тестаментот напишал дека 200 милиони евра им остава на жителите на селото во кое што пораснал. На секој жител му припаѓаат повеќе од 2 милиони евра.



Антонино уште на 14 годишна возраст морал да го напушти училиштето, бидејќи родителите не можеле да му го овозможат. На 32 години се оженил со Чини Гонзалес Диез и емигрирал во Мексико, каде што се вработил во компанијата на нејзиниот вујко, кој го произведувал токму тоа пиво. До 1971 година, успеал да напредне до позицијата на Генерален директор и помогнал пивото Corona да стане не само најпопуларното мексиканско пиво, туку и да овозможи огромен извоз надвор од Мексико.



Фернандез никогаш не го заборавил местото од каде што доаѓа, а поранешниот шпански крал Хуан Карлос, го одликувал за неговата хуманитарна работа. По смртта, освен што сите станале милионери, селото ќе добие и целосно нов културен центар, токму со дел од неговите пари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби