Оптички илузии создадени од природата

Сите се восхитуваме на она што го создала мајката природа. Нејзините дела се толку многу импресивни, што некои од нив не делуваат реално и често пати се прашуваме она што го гледаме дали е природно или само насликано на слика. Погледнете ги следните оптички илузии и размислете два пати:

Подводен водопад



Всушност не станува збор за водопад, туку за песок кој лежи под брегот на Маврициус. Благодарение на формата која ја прави песокот, изгледа како да има водопади.

Слика



Не, ова не е слика насликана од некој уметник. Во преден план се мртвите дрвја за време на заоѓање на сонцето, а во позадина се црвените дини на Намбија. Како што може да забележиме, токму играта со сенката е онаа која што создава илузија дека станува збор за уметничка слика.

Бурно море



Гледајќи во облаците, повеќе имаме чувство дека станува збор за бурно море отколку за небо над нас. За среќа, овие облаци не носат невреме.

Магично езеро



Езерото Ујуни е познато по изопачената перцепција што се создава на неговата површина. За време на дождови, алкалните соли во езерото се претвораат во огромно огледало, кое што прави огромна илузија.

На работ



Изгледа како овој човек да чекори на работ од некој гребен, но тој чекори по брегот на реката која поминува низ кањонот Глен.

Бебе



Дали можете да го видите бебето на фотографијата? На почеток е малку тешко, но погледнете ја целата фотографија и прво ќе ги забележете нозете, рацете, а потоа и главата на бебето.

Бездна



Дали ги гледате момчињата кои скокаат во бездна? Сепак, станува збор за извор, кој е лоциран во Тексас. Неговата вода е толку многу бистра што скокањето изгледа како да скокате во празен простор.

Форма на дрво



Што е ова? Дрво или течение на река? Овие форми во вид на дрво во Мексико се формирани во песок поради големата обилност на водите кои што струјат под песокот.

Пат низ планина



Кога гледате во оваа фотографија, ќе видите пат кој поминува низ планината, но се работи за фотографија од реката Колорадо.

Фантоми на сонцето



Овој феномен е познат како пархелион и обично се формира од прекршување на сончевата светлина од замрзнатите кристали во атмосферата.

Дожд



Фотографијата на прв поглед ќе ви изгледа како совршена слика направена од капки дожд, но ако ја погледнете одблизу ќе забележите дека станува збор за капки кои висат на пајакова мрежа.

Зебра со две глави



Наизменичноста од црно-бела боја ни ја отежнува способноста да ги гледаме аглите на предметите и токму поради тоа ги гледаме овие „двоглави“ зебри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби