ДРВЕНИТЕ ПОВРШИНИ СТАНУВААТ КАКО НОВИ

Фантастични употреби на пивото за кои најверојатно не сте слушнале

Освен што пивото е одлично за да не разладува во летните жешки денови, но и во зимните денови го пиеме како одлчичен додаток со ќебапчиња, има многу корисни намени за кои најверојатно не сте слушнале. Но, тоа сега ќе се смени, а вие спремете се да потрошете некој денар повеќе за пиво. За што се може да го користите?

Ја потхранува косата и го предизвикува растот



Пивото е богато со витамин В и силициум, клучната состојка потребна за здрава коса, која го предизвикува растот. Истурете си една чаша пиво низ косата, измасирајте го скалпот и оставете го пивото да делува пет минути. Измијте со ладна вода и ќе видете дека косата ќе ви сјае како никогаш претходно.

Ја прави кожата мазна и нежна



Исто така, овој пијалак содржи антиоксиданси кои го превенираат предвременото стареење, ги поттикнуваат клетките самите да се регенерираат, а со тоа и се намалува појавувањето на брчки.

Испробајте ја оваа маска за лице: Измешајте една лажица пиво, белка од јајце и 3 капки бадемово масло. Маската ставете ја на чисто лице и нека постои 10 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода. Веднаш ќе ја забележите разликата.

Доколку сакате да си направите пилинг за да ги отстранете мртвите клетки, земете една рака јагоди и неколку лажици пиво. Измешајте ги двете состојки, додека не добиете паста. Ставете ја пастата на лице и нежно масирајте го, оставете ја маската да делува пет минути и потоа измијте го лицето со млака вода.

Помага при уморни стапала



Наполнете леген со ладно пиво и потопете ги стапалата внатре неколку минути. Освежувачкото чувство веднаш ќе ве опушти по напорниот дел.

Маринада од пиво го омекнува месото



Ако сакате поразличен вкус на месото, тогаш направете маринада од пиво. Ставете го во некоја длабока чинија и ставете пиво. Поклопете ја чинијата и оставете го месото да отстои во текот на ноќта, а утредента пригответе го.

Повторно ги прави сјајни дрвените површини



На чиста крпа, ставете топло пиво и поминете низ секоја дрвена површина која изгледа застарено, а таа веднаш ќе светне и ќе изгледа како да е нова.

Помага при зарѓавување



Киселините во пивото помагаат при чистење на зарѓавените делови. Само истурете пиво каде што е потребно, почекајте неколку минути и потоа потрудете се повторно. Ќе видете дека веднаш ќе има ефект.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби