Вистински приказни кои ќе ви ја вратат вербата во љубовта

Низ животот се соочуваме со многу разочарувања, а најмногу не болат оние од нашите најблиски луѓе како што се родителите, браќата и сестрите или пак партнерот. И со тек на годините полека ја губиме вербата за љубовта. Но, таа секогаш е тука и подготвена е да не прими секогаш кога ќе се решиме. За да ви ја повратиме вербата, за вас одделивме неколку вистински приказни, кои навистина ќе ви го променат мислењето.

  • Ќерка ми си дојде од училиште и ме праша каде може да научи знаковен јазик. Ја прашав зошто сака тоа да го направи и ми одговори дека во нејзиното училиште дошло ново девојче кое било глуво и само го знаело знаковниот јазик и не можела со никого да разговара.

  • Денес, два дена по погребот на мојот сопруг, добив букет цвеќе, кој тој го нарачал за мене една недела пред да почине. Пораката на букетот гласаше: Дури и ако ракот победи, сакам да знаеш дека секогаш беше девојката од моите соништа.

  • По 14 месеци, конечно го добив судскиот процес. Пред точно толку време, дознав дека комшијата редовно го тепа неговото куче. Јас го киднапирав и бев уапсена. Потрошив многу пари по адвокати, но кога се разбудив утрово и ја почувствував топлината на моето куче, знаев дека целиот тој процес беше вреден.

  • Дедо ми и јас гледавме некои стари фотографии, кога тој застана на една каде што танцува со баба ми, која почина пред многу години. Ме прегрна и ми кажа: Запомни дека дури и некогаш ако нешто не трае засекогаш, не значи дека не вреди да го направиш.

  • Денес, по грешка му пратив порака на татко ми во која напишав „Те сакам“, а требаше да му ја пратам на сопругот. По неколку минути добив одговор „И јас те сакам, тато.“ Бев многу трогната. Многу ретко си кажуваме такви работи со татко ми.

  • Во нашето училиште, има една девојка која е најпопуларна. Таа е многу убава и интелигентна, па речиси сите машки прават се само за да го добијат нејзиното внимание. Но, таа постојано поминува време само со едно момче: нејзиниот брат кој има аутизам.

  • Работев како консултант за воспитување деца до 15 години. По некој период случајно налетав на едно дете со кое што работев. Беше многу тежок карактер, кој секогаш се лутеше и беше агресивен. Еднаш му нацртав слика од Супермен и напишав дека суперхероите никогаш не се откажуваат и секогаш победуваат на крајот. Тоа мало момче, денес е пожарникар и спасува луѓе. Речиси цел час седевме и зборувавме, но пред да се разделиме го отвори неговиот паричник и ми ја покажа сликата со Супермен кој ја чувал цело ова време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби