„Гаргара“ на душата за топла зима

Пишувањето е гаргара на душата. И читањето исто така.

Една од омилените изреки на библиофилите е онаа дека не ги бараме ние книгите, туку тие нè наоѓаат нас. И авторот на овој роман го истакнува истото во еден момент низ страниците. Јас стојам на тоа дека „Гаргара“ ме најде мене. Случајно или не – не знам. Оти „нашиот секојдневен живот е бомбардиран со случајности, поточно речено со случајни средби на луѓе и случки што ги викаме коинциденција. Огромен број такви коинциденции минуваат незабележани за човекот“ (цитат што се сретнува на неколку места во овој роман, од романот „Неподнослива леснотија на постоењето“ од Милан Кундера). Ова е роман на куп случајности. Една случајна средба на „вистинскиот автор“ на романот со неговиот преведувач, случајна средба на „авторот“ со Книгата за пофалби и поплаки, случајна средба на два ракописи, две приказни, напишани на различни јазици, во иста книга, од луѓе што некогаш во детството си ветиле дека засекогаш ќе останат заедно, случајно повторување на минатото поврзано со кафулето „Гаргара“ и уште многу, многу случајности. Но нели „ништо не е случајно“?



„Во Гаргара доаѓаат тие што имаат најголема потреба да си ги исплакнат устата, грлото и душата од секојдневната порција лајна што ја добиваат од власта, од претрпените неправди и угнетувања.“

Станојоски, прогласувајќи се за преведувач на романот, се оддалечува од авторството, препуштајќи ја таа одговорност на Орест, човек што му го дава, веќе напишан, романот на една кратка средба во Прага. Почнувајќи со ова и продолжувајќи понатаму со низа постмодернистички техники, романот станува сè поинтересен за читање. Од сите случајности, централна е онаа средба на двете нарации, две животни патеки, два јазици (руски и чешки). Едната на девојчето што го преживеало Аушвиц, другата на Сарафил, момчето од Егејска Македонија, и неговиот егзодус. Двајцата, некогаш, во детството, си ветиле дека засекогаш ќе останат заедно. Судбината повторно ги доближува нивните патишта, но без да ги спои. Тие секојдневно се разминуваат во кафулето „Гаргара“, ги пишуваат своите приказни во Книгата за пофалби и поплаки, без да знаат дека, веројатно, пишуваат со исто пенкало. Заеднички за нивните приказни се борбата за демократија и човечки права. Така, Книгата за пофалби и поплаки од кафулето станува сведоштво за две големи човечки злосторства на четириесеттите години.



„Кога те нема подолго време, на градот му е потребно извесно време да се консолидира, твоите блиски да си најдат други активности и луѓе со кои ќе го исполнат времето што го исполнувале со тебе. Кога сето тоа ќе се случи, престануваш да значиш. Подоцна луѓето како да почнуваат да се сомневаат во твоето постоење.“

„Гаргара“ е роман за прогонството, за менувањето на личниот идентитет, за напуштањето на родната земја. „Гаргара“ е и роман за љубовта; за оние меѓу кои и по неколку децении не згаснала, но и за оние чија љубов, во обид да ја остварат оваа претходната, останува неостварена. Принудната разделба е заедничка за овие две приказни. А кој страда повеќе, оној што останува или оној што заминува?

Приказната што пред седумдесет години била насилно оттргната од својата природна раскажувачка нишка, насилно прогонета од Македонија, повторно се враќа во својата татковина – ќе напомне нараторот. Случајно ли беше неговото „бесцелно“ патување во Прага?

„Гаргара“ е гаргара за душата.

Автор: Моника Илкова


„Антолог“ ве кани на „гаргара“ со вино за топла зима. Денеска, со почеток во 20 часот, во кафулето „Децата од нашата улица“ ќе биде промовирано второто издание на романот „Гаргара“ од Игор Станојоски.

Во соработка со „Антолог“, ИДИВИДИ ќе додели примерок од романот на еден од вас по случаен избор. Сè што треба да направите е во коментар на овој линк, кој е споделен на нашиот официјален Facebook профил, да го дадете точниот одговор на прашањето: Во кој град се одвива дејството во романот „Гаргара“? Помош може да побарате на овој линк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби