Шри Ланка направи вештачка елка за Гинисов рекорд

Шри Ланка постави голема новогодишна елка за која тврдат дека е најголемата елка во светот. Вештачкото дрво високо 73 метри, кое се наоѓа во престолнината Коломбо, е повисоко од актуелниот рекордер за 18 метри.



Вештачкото дрво е украсено со над милион природни шишарки обоени во црвена, златна, зелена и сребрена боја, а свети со помош на 600.000 LED светилки и го краси ѕвезда на врвот, со висина од шест метри.

За да се изработи дрвото биле потребни 80.000 долари, но истото не било доволно за да ја импресионира католичката црква. Оние кои се занимаваат со овие работи, кажале дека ова е вистинско фрлање пари и им сугерираа на тамошните власти, наместо да рушат рекорди да се сконцентрираат да им помогнат на сиромашните. Премиерот Ранил Викерменсинг одговорил на критиките дека дрвото не е подигнато од парите од буџетот, туку благодарение на донациите од одредени фирми.



Сепак, дали ова ќе биде доволно да го срушат рекордот, останува да видиме.

Организаторите велат дека сакале дрвото да ја промовира етничката и религиозната хармонија во оваа голема будистичка земја, која и по долгата граѓанска војна се уште стои на стаклени нозе.

- Ова е порака до светот дека можеме да живееме како една земја, една нација, изјавил Арјун Ранатунг, министер за трговија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби