Животни приказни од 2016 кои ќе ви покажат дека хуманоста ќе го спаси светот

Сè што ни е потребно е љубов и хуманост. Љубовта ни помага да ги надминеме најтешките проблеми и да зачекориме понатаму во животот. Кога едно срце е полно со љубов, сите го забележуваме тоа.

За жал, во светот оваа година се случија многу трагични настани кои што некако направија повеќе да не веруваме во хуманоста и вo љубовта на човекот. При самиот крај на годината, ќе ве потсетиме на неколку вистински приказни, кои ќе ви покажат дека сепак хуманоста ќе го спаси светот.

Љубителка на мачки, ги отвори вратите од својот дом за да спаси 1000 мачки



Лунеа Латанзи, жената која има огромно срце, започнала да чува мачки во 1992 година. Таа била ветеринар, па целиот живот се грижела за животни, а и се трудела постојано да најде дом за мачките скитнички. Лунеа, по некое време, се решила нејзиниот дом да го направи живеалиште за мачки, без кафези и строги правила. Тогаш немала никаква финансиска помош, а денес има неколку спонзори, помош од ветеринари и волонтери кои ѝ помагаат. Моментално, во домот има над 1000 мачки.

Компанија за чистење нуди бесплатно чистење на жени болни од рак



Деби Сардон, основачка на компанија за бесплатно чистење, имала идеа заедно со нејзините вработени да и ја исчистат куќата на нивна клиентка, која го откажала чистењето поради тоа што морала да штеди пари за терапија за рак. Откако и ја исчистиле куќата на оваа клиентка бесплатно, им овозможила бесплатно чистење и на многу други жени болни од рак. На овој начин, Деби смета, дека жените ќе си го овозможат потребниот одмор и терапија, без да се грижат за одржувањето на куќата. Од 2006 година, оваа компанија исчистила над 19.000 домови, што ги чинело околу 5 милиони долари.

Девојче на 12 годишна возраст со ретка болест се спријателила со билдер



Линдзи пати од Прогерија, ретка генетска болест преку која телото старее 8-10 пати побрзо од нормалното. Дејвид е поранешен маринец и билдер, со прекар „Ѕверот“. Тие двајца се сретнале на еден настан организиран од една теретана со цел да соберат пари за децата болни од ретки болести и оттогаш се неразделни.

- Линдзи ми е како моја помала сестра уште од првиот ден кога ја запознав. Немам зборови со кои можам да објаснам како се чувствувам во врска со неа. Успева да ми даде надеж со самото тоа што ќе помислам на неа. Таа е скапоцен дар, изјавил Дејвид.

Девојка си зема дома куче бездомник и оттогаш им се смени животот и на двајцата



Во април, Валија Орфанидоу забележа куче скитник во предградие на Атина, Грција. Кучето било во многу лоша состојба, но девојката решила да му пристапи и да му помогне. Тоа воопшто не и било лесно со оглед на тоа дека Петра (името на кучето) патела од многу болести и не им верувало на луѓето. Сепак, Валија не сакала да се откаже и по неколку месеци кучето доживеало вистинска трансформација. Станало грижливо, пријателски настроено и благодарно куче. Тоа е моќта на љубовта.

Секоја недела му давал кафе на бездомникот, а потоа тој му платил



Откако завршувал со појадокот во неговиот омилен ресторан, Џој Вилсон често знаел да застане и да поразговара со бездомникот Даниел кој продавал магазини на ќошот од улицата. Кога било ладно, Џои му купувал кафе на Даниел. Еден ден, Џој повторно дошол на појадок како и обично. Сепак, се изненадил кога побарал сметка и келнерката му кажала дека сметката веќе му е платена. Подоцна откри дека Даниел добил 25 долари на лотарија, па одлучил да му се заблагодари на Џој за тоа што постојано го поддржувал.

Жената која го спаси напуштеното слонче и го прими дома



Ова мало слонче за малку ќе се удавело во една река. Го пронашле шумари и ѝ го однеле на Рокси, која порано работела во зоолошка. Таа го вдомила и го крстила Мојо. Слончето не е многу различно од куче, сака да си игра и љубопитен е за сè околу него.

Аргентинскиот фудбалер му го исполни сонот на едно момче од Авганистан



Фотографијата од 5 годишниот Муртаза Ахмади беше вистинска сензација на интернет. На фотографијата се гледаше како Ахмади изработил дрес од кесиња на кои пишува Меси. Сторијата толку многу се прошири, што стигна и до ушите на Меси, кој одлучи да му даде на момчето вистински дрес, потпишан од него.

Пожарникар спаси хаска пропадната во длабочините од мраз



Пожарникарот од Бостон, Шон Којл, беше доволно храбар да и пријде на Силви, 13 годишна хаска, употребувајќи санка за тенок мраз. Успеал да ја спаси хаската и заедно да се вратат дома безбедни.

Студент му помогна на човек при паничен напад



Годфри Коуто, студент од Онтарио, се возел во автобус кога наеднаш некој човек кој се викал Роберт, му пристапил, го фатил за рака и седнал до него. Студентот прво се исплашил, но подоцна сфатил дека на Роберт му требало само помош. Имено, човекот бил глув и пател од церебрална парализа, а се исплашил од гужвата која што наеднаш се качила во автобусот, па токму затоа побарал помош во стресната ситуација.

Жената која се грижи за болни деца напуштени од родителите



Кори Салшерт, некогаш била медицинска сестра, но поради некоја болест, која успеала да ја победи, не можела повеќе да работи. Сепак, оваа храбра жена со огромно срце, решила да се грижи за деца на кои им биле дијагностицирани смртни болести, а чии родители ги напуштиле. Оттогаш таа и нејзиниот сопруг си го посветиле животот да им помагаат на овие дечиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Кој ќе остане последен во авионот, ќе го чисти!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска...
Верски календар
Василиј Исповедник. На историската сцена свети Василиј заблеска во времето на иконоборечкиот византиски император Лав Исавриецот (717-747). Заради неговиот добродетелен живот...
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби