ВИДЕО: Мечка нападна водителка при пренос во живоЕдна телевизија во Русија, реши да сними прилог за мечката Боња, преку кој ќе се приклучи во живо на шоуто Про Лубов (За љубовта). Сепак, се случи еден неверојатен пресврт.
Додека мечката изведуваше трикови на кои публиката аплаудираше, повеќе изгледаше како голема плишена играчка, отколку како жива мечка. Најверојатно токму тоа ја привлече водителката да ја погали мечката, која кога почувствува допир наеднаш се свртил, ја фати со шепата, која се закачи на облеката на водителката и буквално ја тресна за земја.
- Те предупредив, не и се доближувај на мечката, изјави дресерот.
За среќа, водителката помина без повреди.
|