Од кои работи треба да се откажете во 2017-та година?

Со влегувањето во новата година, многумина носат различни новогодишни одлуки од она што сакаат да го променат, до она на што сакаат да поработат малку повеќе.

Меѓу одлуките се и оние за водење поздрав начин на живот, поголема отвореност кон другите, побогат социјален живот, време за себе..



За да ви помогнеме да ги донесете вистинските одлуки, ве советуваме да се откажете од следните работи:

Жалење

Во минатата година, сте направиле некои работи на кои не гледате со мили очи. Немојте да го губите времето и енергијата на она што не може да го промените. Насочете се кон иднината и на она нареден пат да донесувате успешни одлуки.

Предолго седење

Нека оваа година која е пред вас, биде година во која ќе се откажете од седечкиот начин на живот. Раздвижувајте се и вметнете го вежбањето во секојдневниот живот. На крајот на годината, веќе нема ни да мора да размислувате за тоа колку сте „залегнати“ и мрзливи, бидејќи тоа нема да биде случај.



Пренатрупани со работа

Забрзаниот начин на живот на многумина им е голем товар, кој не им остава многу време за себе. Ретки се оние кои успеваат да се одморат преку неделата. Затоа, потрудете се да ја промените рутината, организирајте го своето време и ставете ја вашата фамилија и себе на прво место. Ако сте вие преуморени и под постојан стрес, не ни може да го постигнете она најдоброто.

Ги задоволувате другите

Повеќето незадоволства во односот со другите, тргнуваат од тоа да ги задоволувате другите, а вие самите да не добивате ни половина од она што го давате. Не е ни чудно што се чувствувате разочарано. Но, повеќе нема потреба тоа да биде случај. Можеби ќе ви замерат, бидејќи тие веќе навикнале на поинакво однесување од ваша страна, но тоа не го гледајте како проблем. И понатаму бидете добра личност пред себе и пред другите, но правете работи кои ве прават среќни.

Страв

Стравот е една од најголемите кочници во животот. Решете се од своите стравови и ослободете ја енергијата скриена во вас под маската на стравот.

Живејте слободно и сами кројте го животот онака како што вас ви одговара.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби