Почувствувајте го првиот снег со Смила

Пишува: Ирина Тумбовска

Сè во книгата „Смила го чувствува снегот“ од Петер Хег започнува и завршува со едно човечко суштество – малиот Исаија, кој паѓа од покривот на зградата во која живее. Но во меѓупросторот постои низа од неповрзани работи, кои можеби и никогаш нема да бидат разјаснети. Смртта секогаш претставува загуба, но некогаш е единствената што е во состојба да ги разбуди луѓето.

Смила има подобро мислење за снегот и за мразот отколку за љубовта. Повеќе сака да се занимава со математика отколку да се грижи за луѓето околу неа. Но во нејзиниот живот постои едно цврсто упориште. Може да се нарече чувство на женска интуиција. Водена од неа, таа се обидува да ја растајни чудната смрт на малото момче. Исаија има фобија од височина, па Смила во бессоните ноќи често се запрашува: што барал на покривот? Трагите во снегот покажуваат дека станува збор за убиство, иако полицијата веднаш објавува дека станува збор за несреќен случај. Смила, порасната на Гренланд, може да го чувствува снегот. На снегот има траги на залет... а да читаш од снегот е исто како да слушаш музика. Да опишеш што си прочитал е исто како музиката да ја опишеш во писмена форма.



Низ страниците на книгата живее Исаија, преку сеќавањата на Смила, иако го нема. Тие се меѓусебно поврзани, и двајцата се со два идентитети, таа често му чита книги, не зборуваат многу, молчат и убаво им е заедно. Тој во голема мера си е доволен самиот себеси, потребно му е многу малку од светот за да биде задоволен. Иако има мајка, сам е и не се плаши од самотијата. Случајно влегува во станот на Смила и во нејзиниот живот – за да остане таму засекогаш. Неговото значење таа потполно го сфаќа дури тогаш кога него веќе го нема. Па клучно е да дознае зошто умрел, да ги открие и да ги разјасни оние најситни, но суштински значајни детали што се дел од неговата смрт.

Што сè ќе ѝ се случи по смртта на Исаија?

Сеедно ѝ е дали ќе живее или ќе умре. Смила нема што да изгуби, нема никоgo поради кого би се вратила назад во Данска, затоа решава да оди таму од каде што дошла и, ако успее, докрај да ја разреши неправдата. Па, така, истрагата ја води повторно на Гренланд, каде што ја дочекуваат куп тајни, скриени длабоко под мразот. Дојдена е до таа фаза на животот кога ноќните мори стануваат смирувачки. Желбата за разбирање е обид за повторно освојување на нешто што сме изгубиле. Желбата за навлегување во суштината на нештата води кон заслепеност, желбата за разбирање во себе содржи вродена суровост, која го поништува она што сакаме да го сфатиме. Чувствата постојат единствено во доживувањето. Чувството е исто како кога ќе откриете дека сте будни додека сите други спијат. Самотија и чувство на семоќност подеднакво. Сама оди докрај, а што ја чека таму?


Овој роман е еден од најфасцинантните трилери на сите времиња. Петер Хег стана светски познато име токму како автор на овој бестселер од 1992 година, според кој е снимен и филм во 1997 година. Изданието на англиски јазик е испечатено во тираж од 4 милиони примероци, што претставува вистинска сензација за дотогаш непознатиот дански писател. До денес романот е продаден во над 20 милиони примероци низ светот.

Во соработка со „Антолог“, ИДИВИДИ ќе додели примерок од романот на еден од вас по случаен избор. Сè што треба да направите е во коментар на овој линк, кој е споделен на нашиот официјален Facebook профил, да го дадете точниот одговор на прашањето: „Кој е режисер на филмот Smila’s sense of snow од 1997 година, снимен според овој роман?“ Помош може да побарате на овој линк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби