Вистинска приказна која ќе ве расплаче: 13 години му помагал поради деформитет

Пред 13 години, британскиот војник Вејн Инграм бил на мисија во Босна, кога го запознал Стефан Савиќ, 4-годишно момче со редок деформитет на лицето.

Во истиот момент тие двајца многу се поврзале, па британскиот војник ветил дека ќе направи сè за да му помогне на Стефан да ги добие најдобрите доктори и да живее нормално како неговите врсници. Како што кажал, така и направил.



Стефан имал аномалија на лицето поради која растојанието меѓу неговите очи е 4.5см поголемо, а неговиот нос не е развиен како што треба. Поради тоа, се соочувал со проблеми со видот и дишењето.

- Ако го отфрлиме деформитетот на лицето, Стефан ќе биде нормално, разиграно момче. Моите синови беа мали кога го запознав него и просто не можев да ја свртам главата и да не направам ништо. Во истиот момент знаев дека ќе направам сè, за да му помогнам, изјавил Вејн.



Во 2003 година, тој го донел Стефан во Лондон, каде што собрал 80.000 фунти. Пластичниот хирург Дејвид Данавеј ги понудил своите услуги бесплатно, но Вејн морал да ги покрие останатите трошоци од виза па сè до сместување.

Истата година, Стефан подлегнал на две сериозни операции. При првата му ги извадиле сите заби, а при втората му е реконструиран черепот. Тогаш хирурзите му ја отстраниле коската која се наоѓала на средината на лицето, да може да ги доближат очите и да му го направат носот. За две години, повторно се вратиле во Велика Британија, кога со трета операција му го коригирале и дишењето.

Пред две години, Вејн собрал уште 20.000 фунти за операција, со која на Стефан му е подобрен изгледот на лицето, забите и дишењето. Потоа следувала уште една операција за носот. Целиот износ за сите операции изнесувал 140.000 фунти.

По сè што поминале заедно, Вејн го смета Стефан за негов втор син.



- Јас сум силен човек, но кога се поздравивме пред да си одат, срцето ми се скрши. Многу силно ме прегрна, а кога се сврти да си оди и тој плачеше. Морав да се свртам за да не ме види како плачам. Постои многу силна врска меѓу мене и семејството на Стефан. Некој пред 13 години, да ми кажеше дека ќе станеме пријатели за цел живот со семејството на Стефан, немаше да им верувам.

Според Вејн, Стефан отсекогаш имал самодоверба, иако избегнувал да се појавува во јавност поради деформитетот. По некое време, Стефан си нашол и девојка во Босна, со која се заедно две години. Денес, откако Стефан завршил средно училиште, планира да се посвети на музиката, за која вели дека е негова голема љубов. Иако свири хармоника во еден бенд, во иднина би сакал да вградува клима уреди.



- Сè што можам да ви кажам е благодарам. Повторно и повторно ви благодарам на сите. По операциите време е да ги зграбам приликите кои се пред мене, а кои не би биле можни без Вејн, доктор Данавеј и многу други великодушни луѓе кои ми помогнаа на патот кон мојот нов живот, тврди Стефан.

Неговиот татко Милош и мајка му Слава, се благодарни на докторот поради направеното „ремек-дело“ на лицето на нивниот син, а Вејн го сметаат како дел од фамилијата.

- Од кога се роди Стефан често се прашував како би изгледал да нема деформитет. Доктор Данавеј тоа ми го овозможи. Да не беше тој, животот на Стефан ќе беше многу поразличен. По првата операција, Стефан веќе беше друга личност, вели Слава.



Средбата помеѓу Стефан и Вејн беше судбинска. Денес, поранешниот војник, сега веќе татко на четири деца и медицински работник, вели дека сака да продолжи да се занимава хуманитарна работа. Тој ќе продолжи да собира пари за организација која им помага на деца родени со деформација на лицето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби