ДОЗНАЈТЕ СЕ ЗА ХОТЕЛИТЕ

Што значат хотелските ѕвезди?

Дали некогаш сте размислувале за тоа што стои зад оние ѕвезди покрај името на хотелот? Основната разлика сите ја знаеме, колку повеќе ѕвездички, толку полуксузен е хотелот. Но, знаевте ли дека зад сите тие силни ѕвезди се кријат одредени стандарди кои хотелите треба да ги задоволуваат? За да ви стане појасно, решивме да ви разглобиме што е она што треба да очекувате од хотелот во зависност од бројот на ѕвезди.

Турист или 1*



Хотелите означени со една ѕвезда се нарекуваат буџетни хотели и се наменети за сите оние кои не очекуваат никаков луксуз и премногу удобен кревет. Но, дури и овие хотели мора да ги почитуваат стандардите. Сите соби мора да имаат сопствено купатило со туш кабина или када. Задолжително чистење на собата секој ден, а во неа треба да има маса со столици, ТВ во боја со далечинско управување.. Да, ТВ во боја, добро прочитавте. Рецепцијата на хотелот треба да работи барем 8 часа на ден, а на рецепцијата да има телефон со факс и фиксен телефон. Појадокот мора да се послужува во хотелот, а на гостите преку целиот ден треба да им се достапни сите пијалаци во барот, но не бесплатно.

Стандард или 2**



Од сè она што го набројавме погоре, хотелите со две ѕвездички не е доволно да имаат само појадок, туку за појадокот мора да имаат шведска маса. Во собите покрај креветите треба да има светла за читање и ноќна масичка. Во купатилата наместо сапун, треба да има гел за туширање, крпа и уште некој прибор за лична хигиена. На рецепција треба да има уред за плаќање со кредитни картички.

Комфор или 3***



Сите услови кои спаѓаат под хотелите со една и две ѕвездички, важат и за хотелите со три ѕвездички. Сепак, овде правилата веќе се зголемуваат, па рецепција треба да работи 14 часа дневно, рецепционерот да биде достапен преку телефон на гостите 24 часа, а послугата да зборува барем еден странски јазик. Покрај рецепцијата потребно е да има барем 3 седечки гарнитури и можност за оставање на багажот. Поопширни се и условите за собите. Секоја соба треба да има мини бар или неколку пијалаци, телефон и пристап до интернет. Во купатилото задолжителна е греалка и фен за сушење коса. Во собата треба да има и големо огледало и место за оставање куфери. Некаде треба да стои прибор за шиење, сет за чистење чевли и простор за оставање на нечиста облека. Хотелот треба да им обезбеди на гостите и додатен јорган и покривач.

Прва класа или 4****



И овде важат сите услови кои ги наброивме погоре, со тоа што рецепцијата треба да работи минимално 18 часа на ден, а на гостите да им е достапна 24 часа. Покрај трите гарнитури, треба да има и простор каде што гостите може да се напијат нешто од барот. Во хотелите со четири ѕвездички треба да има и можност за појадок во соба, како и достава на храна. Во собите треба да има фотелја и кауч, како и мала масичка. Во зависност од тоа за колку луѓе е наменета собата, во секоја соба треба да има толкав број на наметки и влечки. Во купатилото потребно е да има капа за туширање, козметичко огледало со разни производи за лична хигиена. Во овие хотели мора да има и ресторан, кој ќе работи седум дена во неделата.

Луксузност или 5*****



Во хотелите со пет ѕвездички, рецепцијата треба да работи постојано, а на сите гости на располагање треба да му биде вратар или личност задолжена за паркирање на возилата. Потребен е човек кој ќе ви го носи багажот до собата, без да наплатувате додатно. Рецепцијата треба да е голема со простор за седење и бар. Секоја гостин треба да добие цвеќе во собата или некој друг подарок за добредојде. Во собите треба да има сеф и супер брз интернет. Задолжително е хотелот да има и сервис за хемиско чистење, кој ќе ви ја враќа облеката во рок од еден час.

Супер Луксузност или 7*******



Некои од хотелите ја имаат таа чест да ги исполнуваат сите услови и уште повеќе да се рекламираат како хотели со седум ѕвезди. Првиот хотел на светот кој е со оваа бројка на ѕвезди е Burj Al Arab во Дубаи, отворен во 1998 година и во кој секоја соба има свој батлер. Сепак, никаде не се напишани условите кои треба да ги исполнува еден хотел со седум ѕвезди, но најверојатно многу повеќе од хотелот со пет ѕвездички. Она што овие хотели го поседуваат е дизајнерски мебел, елитни пијалаци и останати задоволства кои ги посакуваат богаташите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби