Како да се биде среќен: Животни лекции од најголемите умови

Големите филозофи како Сократ, Ниче, Сенека мудро говореле за среќата и за тоа како најлесно да се стане среќен.

Бертранд Расел

„Од сите форми на внимателност, внимателноста во љубовта е можеби најфатална за вистинската среќа“.

Не е вообичаено некој како Расел, љубител на математиката, науката и логиката, да се занимава со нешто толку минливо, како што е среќата. Но, неговата идеја дека среќата може да се најде во предавање на чувствата на љубовта навистина укажува на вистинитост, а современата наука е изгледа на негова страна.

Фридрих Ниче

„Среќата е чувство дека моќта се зголемува - дека отпорот е надминат“.

За еден нихилист како Ниче, среќата е некој вид на контрола, која личноста ја има врз својата околина. Овој германски филозоф често пишувал за влијанието кое моќта (или недостигот на моќ) може да го има врз човечките искуства.

Џон Стјуарт Мил

- Научив да ја барам својата среќа, со тоа што ги ограничив своите желби, пред да се обидам да ги задоволам“.

Таткото на либерализмот, Мил е можеби и најважна фигура од таа страна на историјата. Тој ја ширел својата идеја за слободата секаде каде што можел. Кога станува збор за среќата тој ја усвоил мудроста на старите Грци. Наместо да го преплави својот живот со добра, Мил верувал во утилитаризам. Верувал во користењето на работите, само ако имаат цел, ако не ги отфрлал од својот живот.

Сократ

- Клучот на среќата не е во трагањето по нешто вечно, туку во развивањето на можност за уживање во малите работи“.

За Сократ, еден од најголемите древни мислители, среќата не лежи во надворешните награди и пофалби, туку доаѓа од приватниот, внатрешен успех, кои луѓето си го подарила самите на себе. Кога ќе ги тргнеме нашите потреби, ќе научиме да ги вреднуваме поедноставните задоволства.

Конфучие

„Колку повеќе човекот се насочува и размислува на добри мисли, подобар ќе биде неговиот свет и светот во целина“.

Оваа реченица на Конфучие е пренесувана низ историјата во различни контексти, во книгите како „Моќта на позитивното мислење“, но и во неодамнешните истражувања на когнитивното однесување, кое им помогна на луѓето да ја пронајдат врската меѓу своите мисли, чувства и однесување. Според Конфучие, среќата е последица на самоисполнувањето, која се зголемува со пронаоѓање на подлабоките причините за нашето постоење.

Сенека

„Најголем благослов за човештвото се наоѓа во нас и ни е на дофат на рацете“.

Мудриот човек е задоволен од својата судбина, каква и да е, без желби за нешто што не е.

Лао Це

- Ако сте депресивни, живеете во минатото. Ако сте анксиозни живеете во иднината. Ако сте во мир, живеете во сегашноста“.

Некои истражувања покажуваат дека луѓето се најсреќни кога прават нешто за кое е потребно да го фокусираат целото нивно внимание: добар разговор, креативни активности или секс.

Киркегор

„Животот не е проблем, кој треба да се реши, туку стварност која треба да се искуси“.

Киркегор смета дека среќата произлегува од целосната присутност во моментот, уживањето во него. Кога ќе престанеме да ги претвораме околностите во проблеми и ќе почнеме да размислуваме за нив како за искуства, од нив можеме да извлечеме задоволство.

Хенри Дејвид Торо

„Среќата е како пеперутка, колку повеќе ја бркаш, толку повеќе ти бега. Но, ако го насочиш вниманието на други работи, таа ќе дојде и ќе застане на твоето рамо“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби