Од целосната светска популација, според последните анализи, околу 0.5% жени и дури 8% од мажите, патат од погрешна перцепција на бои, односно различни видови на далтонизам.
Ако истражиме подлабоко, ќе сфатиме дека не постои само црно-бело слепило, туку различни гледишта. Погледнете кои се најчестите далтонизми:
Ова е нормалниот приказ:
Деутераномалија е најчестата форма на далтонизам. Околу 4.63% од мажите патат од овој вид на далтонизам, а многу често тоа и не го сфаќаат. Ако ја споредиме оваа слика со претходната ќе сфатиме дека има разлика.
Протанопија е помалку развиена форма – ја искусуваат 1% од мажите. Нијансите на зелено и црвено се избледени, додека нијансите на сино и жолто се исти.
Тританопија е многу редок случај кој подеднакво е развиен и кај мажите и кај жените. Оние кои го искусуваат овој вид на далтонизам, го гледаат светот во розови и зелени нијанси.
Целосно слепило на бои, кое зафаќа 0.00003% од светската популација.