Треба да ме сакаш! Треба да ме сакаш затоа што јас те сакам тебе! Сфаќаш?

Автор: Моника Илкова

Во учебниците по историјата нема да сретнете ништо за епската и ужасна војна во гетото Сан Ли Тин од 1972 до 1975 година. Па, што ако било тоа детска војна?! Сакале да признаеме или не, понекогаш и децата знаат да бидат подли и свирепи. Единствената разлика е во тоа што оваа војна треба да трае. И кога ќе го снема непријателот, треба да се најде нов, макар да се измисли. А мала ли е причината Непалците да бидат непријатели, оти па кои се тие да немаат правоаголно знаме!? „Војната“ е живот за децата од Сан Ли Тин и таа на чудесен начин го отсликува животот на возрасните.

Ова е приказна за двојниот егзил: егзил во однос на првобитните земји на децата и егзил во однос на Кина, која ги опкружува, но од која се отсечени во својство на крајно непожелни гости.



Нараторката е ќерка на белгиски дипломат, родена во Јапонија, која три години живее во Кина. А колку само пленува едно „доаѓам од Кина“ кажано со рамнодушен поглед. За време на „војната“, таа има неверојатни шест години и велосипед што во нејзиниот живот зазел една таква митолошка димензија што достигнал статус на коњ.

И оваа војна, како и Тројанската, има една своја убава Елена. Војната овде не започнува поради неа, ама Амели (нараторката никаде не го пишува своето име, но таа кажува дека сè во оваа приказна е вистина и дека ниту едно име не е променето) продолжува да се бори, за неа и за нејзиното внимание. Љубов за време на војна. Колку една детска љубов, која преминува во опсесија, се разликува од љубовта кај возрасните?

Толку сакав да ѝ студи бидејќи ќе треба некој да ја топли.

Малечка шармантна книга, евокација на едно детство, комбинација од детски емоции и интелектуална перспектива. Книга за сите себесаботажи, во име на љубовта, на пример. Амели Нотомб ќе ве освои и ќе ја проголтате за неколку часа.

ИДИВИДИ во соработка со издавачката куќа „Антолог“ ќе доделат примерок од романот „Љубовна саботажа“ од Амели Нотомб на еден од вас по случаен избор. Сè што треба да направите е во коментар на овој линк, кој е споделен на нашиот официјален Facebook профил, да го тагнете оној кому би му ја подариле оваа книга доколку ја освоите, а воедно и јавно да ја споделите оваа вест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби