ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНА

Другар...Оди шетај!

Секој од нас има по некој „другар“ од оние јаките на вилица ама нула на дела. Гарант ќе го препознаете во своите поблиски или подалечни кругови, како ликот што постојано ве убедува дека другарите треба да се држат едни со други и дека тој односно таа е човекот што се залага за искрен однос.

Звучи идеално, не? Во свет каде сите горе –долу си ставиле некаква маска, вашиов другар е вистинско освежување. Само има една финта...Додека си правите бајрам со паметот дека навистина сте нашле човек од доверба, никогаш не сте подразмислиле на тоа дека искреноста не се потенцира. Или ја имате или ја немате. Искрените луѓе никогаш не доаѓаат со реченицата „Ние сме другари“, тоа се гледа и чувствува по нивните дела.

До пред некое време и јас имав еден таков. Секогаш милува да каже дека сме другари, ама ужива да ме мота со лаги за  банални нешта. И да не знаев подобро можеби ќе му верував, секогаш кога при очи се обидува да ме убеди дека црното е бело.

Ах, да знаете само колку болни тетки има мојов другар..Леле, леле..И колку само не го сака среќата. Таман да ми излезе во пресрет, се случува некоја катастрофа од невидени размери. Тоа е...Сака тој да биде другар, ама ете пуста судбина не дава...Јас него искрено другарски сè во лице, тој мене отров зад грб. Јас него бисери, тој мене навреди.

Но, не му се лутам. Неговото зло е израз на неговата немоќ и неможноста да се спознае себе си. За да ги сакаш другите, најпрвин треба да го сакаш она што го носиш во себе. Ако носиш маска и проектираш лага, не ги повредуваш другите, туку покажуваш колку само лошо се чувствуваш во своја кожа. Кога некој ви зборува зад грб, не хранете ја омразата, туку достоинствено заминете. Сигурно има добра причина зошто таквите луѓе секогаш ќе останат таму каде што им е местото...Зад вашиот грб.

За сите такви имам само едно: Другар, оди шетај!

Да го оставиме другарството на оние добри луѓе кои знаат да ценат и да почитуваат. Оние луѓе кои нема да нè фрлат под тркало кога ќе им кажеме дека грешат и кои знаат да се издигнат над своето его.

Ретки, ама верни, тие го прават светов подобро место за живеење. Верувам дека сите имате и по некој таков скапоцен камен. Чувајте го и бидете горди на него, зошто дијамантот останува дијамант и кога ќе падне во кал, а прашината останува прашина, дури и кога ќе се дигне до небо.

Н.В.

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби