Трансформирајте го својот дом со стилски и минималистички изглед

На многумина од нас често ни здосадува истиот изглед во домовите и си бараме некоја промена.

Но, наместо постојано да ја менувате комодата во дневната со онаа од трпезаријата или да ги менувате украсите, направете ја промената по која долго време мечтаете. Во време, кога сме преокупирани со работни и домашни обврски, не ни требаат многу натрупани работи, голем и масивен мебел уште од времето на нашите баби, туку ни треба минималистички стил, кој ќе има софистицираност, но и ќе ни одзема многу помалку време за средување и за чистење. Како да се постигне тоа?



Почнете со основните работи

Најпрво, одредете што е она што најмногу ви се допаѓа. Минималистичкиот стил можеби бара бели ѕидови, но ако истите не ви се допаѓаат не мора да значи дека тоа мора да биде и ваш избор. Тајната во минимализмот е да постигнете изглед кој ве смирува духовно и прави совршена и топла атмосфера во вашиот дом. Седнете, разгледајте го сè она што ви се нуди и што е во рамките на вашиот буџет и почнете со создавање на вашиот дом од соништата.

Направете тест за отфрлање на предметите

Можеби сметате дека токму овој изглед на вашиот дом е она што го барате, но за многумина не било така. Некои личности не може да се навикнат на празниот простор во својот дом, па постојано ставаат различен мебел за да го пополнат просторот. Тоа сигурно не сакате да го правите и вие.

За да дознаете што е она што ви е потребно во домот, направете го следниот тест: Влезете во една соба и веднаш излезете, притоа потрудете се да ги запомните работите кои ги има токму во таа соба. Оние кои веднаш ќе ви влезат во глава се токму оние кои што ви се поважни од оние кои нема да ви дојдат на памет. Токму тие работи кои не ви се важни отфрлете ги од вашиот дом. Откако ќе го завршите тестот, размислете како би изгледала собата без некои предмети и замислете го нејзиниот нов изглед.



Започнете со една соба, не ги менувајте сите соби наеднаш

Можеби посакувате да го промените изгледот во вашиот дом многу брзо, но запомнете дека на секоја соба потребно е да и го дадете потребното внимание. Започнете со една соба, па потоа многу полесно ќе ги уредите и другите.

  • Најпрво започнете од големиот изглед како што сте го замислиле дека ќе биде крајниот изглед.
  • Земете три кутии, една за зачувување на предметите во истата соба, други за фрлање, а трети за чување, бидејќи сите имаме битни предмети кои имаат одредено значење, но сепак не ни одговараат со стилот во кој сме ја уредиле собата.
  • Сфатете дека мора да сте брутални, колку и да не ви се допаѓа ова. Македонците се познати по тоа што знаат да чуваат многу непотребни работи, но ако сакате да го постигнете минималниот изглед, мора да заборавите на ова „македонско правило“. Почитувајте го правилото 80/20. Што значи тоа? Најдобар пример за да ви објасниме е облеката. Од целата облека што ја поседуваме, носиме само 20% од целата облека 80% од времето. Вашата мисија е да го почитувате ова правило буквално за сите предмети кои ги поседувате, оние кои ви се од корист чувајте ги, другите директно тргнете ги.
  • Ако имате премногу предмети кои што не ви требаат, не ги фрлајте, дадете им ги на оние кои им требаат, а доколку не пронајдете некои такви фамилии, донирајте ги во Црвен крст, тие секогаш знаат на кому му е потребна помош.

Сведете го стилот на едноставност



Направете добар избор што се однесува до мебелот. Исто така, избегнувајте контрасни бои, силни и јаки дезени, едноставно бидете едноставни. Површините нека бидат светли, јасно дефинирани, боите сведете ги на природни неутрални нијанси. За крај може да вметнете еден детаљ во појака боја, која само ќе го разбие малку минималистичкиот изглед на „вашиот нов дом“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби