ГРАФОЛОШКА АНАЛИЗА

Што открива ракописот на Трамп?

Откако стана претседател Доналд Трамп е топ тема како во американските, така и во светските медиуми. А и како не би бил, кога неговата политика направи хаос на светско ниво, па многумина се прашуваат дали неговиот избор за претседател навистина беше правилен.

И додека едни го анализираат неговиот говор на телото додека е покрај сопругата Меланија, други се фокусирани на неговиот ракопис. Се верува дека начинот на кој што пишува една личност, може да открие многу за нејзиниот карактер.

Што открива оној на Трамп?

Блага накосеност кон лево

Оваа карактеристика покажува дека личноста држи до себе и најдобро се наоѓа кога работи зад сцената. Кај Трамп ракописот се забележува дека тој не пишува со движења горе-долу туку го држи движењето дијагонално.

Крупни букви

Големината на буквите во суштина ја открива големината на личноста, па големите букви сугерираат на човек кој сака да се дружи и ужива во вниманието што го добива. Но, ова може да е знак и на тоа дека самодовербата не е толку голема колку што изгледа.

Тесен проред

Кога буквите се слепени една до друга вообичаено значи дека личноста не може да поднесе да биде сама. Има тенденција да се меша со толпата и да се наметнува.

Остри букви

Острите краеви на буквите сугерираат дека оној што пишува е агресивен, интезивен, интелигентен и љубопитен.

Силен притисок

Кога има силен притисок буквите се темни и сугерираат на тоа дека има високо ниво на енергија. Личноста е посветена и сериозно ги сфаќа нештата. Сепак, преголем притисок значи напнатост и брза реакција кон критика.

Високи точки на буквата i

Оние кои ставаат високи точки на буквата i имаат голема имагинација. По она што го гледаме од ракописот на Трамп тој ја има оваа карактеристика. 

Нагласен горен дел од буквата Т

Некој кој има нагласен горен дел од оваа буква обично е решителен и ентузијаст, иако може да биде и мошне тврдоглав и не откажува лесно од нештата.

Нечитлив потпис

Потписот што тешко се чита открива личност што тешко се „чита“ и чии постапки тешко се сфаќаат.

I поголема од другите букви

Кога буквата I (како јас) е пренагласена сугерира на тоа дека постои високо ниво на ароганција. Интересно е да се забележи дека Трамп ја нагласува оваа буква кога зборува за себе, но не и кога е во средината на зборот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби