Добила 65 предлози за брак, но зошто сите ги одбила?!

Мери Ландон Бејкер е девојката која добила најголем број предлози за брак, но никогаш не стапила во брак. Зошто? Според многумина, затоа што била премногу срамежлива, а исто таков прекар и дале и светските весници во 1920-тите години, па набрзо станала позната како „Срамежливата невеста“.



Таа најпрво се забавувала со Алистер Мекормик, кој решила да го остави пред самиот олтар и од таму почнала целата драма. Г-ин Мекормик бил многу богат, но и заљубен до уши во Мери. И купил свршувачки прстен од Cartier, добила неверојатни свадбени подароци во вредност од 100.000 долари, но ништо не можело да ја убеди Мeри да го каже судбоносното „Да“.

Откако „го откачила“ овој свршеник, сменила неколку љубовници и тоа од различни краеви на светот. Сите тие биле со високи чинoви, вклучувајќи и англиски лорд и Ирски принц, но во 1926 година дури и се свршила со некој дипломат од Југославија, кој потекнувал од Белград. Повторно не се случило свадба.



Неа ја поврзувале и со познатиот актер Бери Бекстер, кој починал на сцена, па гласините биле дека тој разбрал дека Мери ќе се венча со некој друг маж во Лондон и го напуштила. Сепак, тој починал од пневмонија, а не од срцев удар, како што многумина мислеле.

Со тоа што се прочула во медиумите, многу новинари барале одговор на прашањето зошто никогаш не се омажила. Еднаш одговорила затоа што никогаш не била заљубена, а друг пат пак дека не го пронашла вистинскиот човек во вистинското време и на вистинското место.

Сѐ до 1961 година, кога Мери починала на 61 годишна возраст, се воспоставило дека таа добила 65 предлози за брак. Нејзиниот љубовен живот бил полн со забави, танцови со Романски принцови и свечени тоалети. Уште повеќе ги обожавала парите. Можеби сега ви доаѓа на памет идејата дека таа била сиромашна или пак срамежлива девојка како што сметале сите медиуми, но не, имала наследено големо богатство и од таткова и од мајкина страна. Едноставно Мери имала моќ, имала богатство, имала статус во општестовто и можела да биде со кој сака маж, но повеќе си ја сакала слободата, па токму затоа избрала да не се врзува за ниту еден маж.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби