Квизот „Арена“ со Димитар Атанасовски добива нова димензија на забава и возбуда

Започнува 2 сезона на „Арена“

Од оваа недела, петти февруари, започнува втората сезона на популарниот квиз „Арена“. Овој квиз започна минатата година со формат во македонска продукција, предводен од Димитар Атанасовски, а емитуван на Алфа Телевизија, привлече огромен број гледачи. За возбудата да биде уште поголема во новата сезона, „Арена“ вклучува иновативни методи и нови игри за уште поголем предизвик за натпреварувачите.

- Првиот пат кога стапнав зад пултот како водител на квизот „Арена“ бев воодушевен од упорноста на натпреварувачите. Квизот беше нешто ново и неиспробано и тоа ме привлече да станам негов водител. Водејќи се од истата премиса, Алфа Телевизија повторно воведува иновација и нови игри што ќе го направат квизот уште повозбудлив, поинтересен и позабавен. Минатата сезона во секоја емисија имавме по 4 натпреварувачи и во текот на сезоната поминаа вкупно 64 учесници кои добија примамливи парични награди. Ме радува и фактот што знаењето, одлучноста и храброста на учесниците се проверува надвор од самата „Арена“, на малите екрани, од страна на гледачите и публиката. Моментот кога победникот игра против еден случајно избран натпреварувач од публиката кој се бори да му ги земе сите поени оваа година го исфрламе, поради вметнувањето на новите две игри, кој ќе внесат дополнителна возбуда во натпреварувањето.“ истакна Димитар Атанасовски, водител на квизот „Арена“ на Алфа Телевизија.

Тој додаде дека уште првиот ден на снимањето бил убеден дека „Арена“ ќе донесе свежина во македонскиот етер поради забавниот и интересен карактер на квизот.



Новата сезона на квизот „Арена“ ќе биде освежена со нови и уште поинтересни содржини. Игрите кои ќе доведат до уште позабавни моменти се третата по ред игра „Биди детектив“ и шестата игра „Лицитација“. Во „Биди детектив“ Атанасовски ќе раскажува мистериозни ситуации и ќе го поставува клучното прашање за решавање на истите. Целта е да се реши мистеријата и тој што ќе го даде точниот одговор ќе добие најмногу поени. Играта „Лицитација“ е од покласичен карактер каде натпреварувачите ќе ги вложуваат своите поени за да добијат уште повеќе.

Терминот на квизот, си останува ист. Секоја недела во 21 часот на Алфа Телевизија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби