Чисти станови како од мајка родена: Моите клиенти се многу пристојни

Емили Николс од Ливерпул е 25 годишна чистачка, која секој ќе ја посака за своја домашна помошничка. Таа чисти станови, но исклучиво на машки клиенти. Она за што е многу барана е тоа што чисти гола, само со ракавици, па глетката како жена наведната го брише подот, конечно им станала реалност на многу мажи кои што тоа им била омилена сцена во порно филмовите.



- Тоа што чистам гола за мене не е голема работа, сосема е нормално. Парите кои што ги добивам се сосема нормални, вели Емили која пред девет месеци родила ќерка и се пријавила да работи како чистачка за да заработи уште пари додека е на породилно отсуство.

На интернет ја пронашла фирмата Naturist Cleaners која вработува 80 мажи и жени во Велика Британија. Работи пет недели, а клиентите ја плаќаат по 65 фунти за првиот час и 55 фунти за вториот час. Сепак, клиентите потпишуваат посебен договор со кој се обврзуваат дека нема да ги коментираат чистачите. Со оглед дека тие чистат голи, не смеат да користат опасни и тешки хемикалии. Емили вели дека на почетокот прво била нервозна, но на работата сега гледа сосема нормално.



- До сега имав само позитивни искуства и не доживеав нешто поради што би се премислила. Нашите клиенти главно се нудисти. Сите ме прашуваат дали ми е ладно, но по неколку минути, навистина ми станува. Мојот сопруг на почеток беше малку загрижен за мојата сигурност, но сфати дека не ми се заканува никаква опасност. Пријателите и сестра ми ме подржуваат. Се породив пред девет месеци и сигурна сум дека има луѓе кои мислат „О Боже, како изгледа ова“. Но, јас не сум сексуален објект и не е битно дали имам стомак или стрии. Сите сме голи под облеката. Не е важно ни дали си млад или имаш 65 години. Доаѓам облечена, разговарам со клиентите, се расоблекувам, им го чистам домот и си одам, вели Емили.

Лаура Смит од Лондон, директорка на фирмата вели дека имаат и машки и женски клиенти. Откако во медиумите се прочу за нејзината фирма, имаат стотици нови клиенти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби