Најубавите градби во светот со обоени стакла

Обоените стакла уште од Средниот век почнаа да заземаат огромен замав, а оттогаш сѐ повеќе се подобруваат. Најчесто, се употребуваат за религиозни градби, катедрали или џамии, иако веќе станаа популарни и во приватниte домови, хотели и културни згради. Во прилог ви ги прикажуваме најубавите обоени стакла на градби низ светот:

Катедрала во Бразилија, Бразил



Оваа катедрала ја изгради уметникот Марин Перети во 1990 година. Стаклата се во сина, зелена, бела и кафена боја.

Катедрала во Ахен, Германија



Оваа катедрала како дел од светското наследство на УНЕСКО има обоени прозорци високи речиси 25 метра. Сепак, во Втората светска војна, катедралата била уништена, а потоа Валтер Бенер и Антон Вендлинг ја реконструирале.

Црква Св.Јосиф, Авр, Франција



Оваа црква била изградена во 1950-тите години во сиромашниот град Авр, во чест на 5000 жители починати во Втората светска војна, кога целиот град бил уништен.

Света Капела, Париз, Франција



Оваа капела првично била изградена во 13 век и имала 15 стаклени панели. Неодамна била реконструирана со 10 милионска сума, при што дел од стаклата биле заменети и исчистени со ласери.

Плоштад на благодарноста, Далас



Во 1977 година, Филип Џонсон дизајнирал спирална бела капела за да ја прослави мирната оаза во центарот на Далас. Капелата се состои од 73 стаклени панели изработени од францускиот уметник Гебриел Лоир.

Културниот центар Чикаго, Чикаго



Културниот центар во Чикаго чиј дијаметар на обоено стакло изнесува 11 метри го прави еден од најголемите домови со обоени стакла во светот! Овие прозорци се формирани од 30.000 делчиња стакла во форми на кожата на рибата.

Џамија Нашир ал-Мулк, Шираз, Иран



Оваа џамија била завршена во 19-от век и се наоѓа во јужен Иран. Со оглед на поставеноста, наутро, обоените стакла прават ефект на калеидоскоп во внатрешноста на градбата.

Катедрала Саграда Фамилија, Барселона, Шпанија



Ова е една од најдобрите градби на архитектот Антони Гауди, кој смислил обоени стакла во боите на виножитото. Сепак, Гауди никогаш не ги видел прозорците. Бидејќи катедралата се уште е во изградба, архитектот Џорди Фаули вети дека ќе ја заврши до 2026 година, точно еден век од смртта на Гауди.

Национална галерија Викторија, Мелбурн, Австралија



Оваа уметничка галерија за прв пат била отворена во 1968 година. Покривот на галеријата е изработен од обоени стакла, за кои биле потребни пет години за да се завршат, а се состои од џамчиња донесени од Белгија и Франција.

Богородичната црква, Париз



Покрај познатата архитектура, оваа градба ги содржи и највпечатливите обоени прозорци во светот. Прозорците се состојат од 84 стакла поделени во четири дела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби