ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНА

Политиката не е виновна што општеството е труло

Драги мои, сте се запрашале ли некогаш, што би било кога еднаш би ја преземале одговорноста за своите постапки и би имале доблест самите да си вперите прст кон себе кога ќе направите грешка? Што би било, кога за промена би биле самокритични?

Секојдневно се трудиме да се убедиме себе си дека политиката е причината за сите наши проблеми, а во суштина никогаш немаме доблест да признаеме дека политиката е само површински слој од сè што е труло во ова општество. Реалниот проблем е во нашите загубени вредности и самољубието кое што толку многу нè залепило, што веќе немаме основна почит ниту кон нашите предци, ниту кон нашите деца.

Задушница...Општ хаос на гробиштата во Бутел. Сите се гледаат попреку и се нешто нервозни. Додека се возам во 59-ката, која се обраќа на оваа релација, во позадина трешти некое македонско свадбарско песниче. По него ете ти го и Аца Лукас со „Gotovo“. Си викам ај батали, што ќе се објаснуваш кога никој не реагира!

Стигнуваме...Не можеме да излеземе од автобусот поради нестрпливата топла на луѓе кои сакаат да влезат. Почнувам народски кажано да се „напнувам“. Што луѓе се ова? Каде брзаат?! Зарем ќе се испогазиме на гробишта? Зарем на ваков ден?!?

Ајде батали и тоа...Си одам со тежина во душата, таму каде што сум тргнала. Таков е денот. Сакал, не сакал, некои нешта болат и ќе останат да болат. И додека се обидувам да си го задржам емотивниот момент за себе, ете ти ја пак македонштинава наша на дело...Некој паметен си го земал целото исушено цвеќе ( вклучувајќи го и погребниот венец) од својот гроб и го оставил на нашиот небаре тоа е место за отпад. Веќе сум надвор од себе...Капак на сè, во близина две дотерани цуци прават селфи...Јбг check in треба да се стави на FB, без update ништо не правиме!

Тоа драги мои, нè доведува до денешната поента....Нешто е труло во нас и во начинот на кој што сме научиле да функционираме.

Плукаме по општеството, а не гледаме подалеку од своето ЈАС и нашето его, заборавајќи дека општеството, тоа сме НИЕ. За тоа не се виновни ниту Грујо, ниту Заев, Љупчо или Бранко. Тие и секој нареден се само одраз на нас и нашиот избор. Додека се претвораме во суштества водени од самољубие, забораваме дека после нас ќе останат нашите деца. Во што ли ќе ги претвориме однесувајќи се вака?

Размислете...

Н.В



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе се жали за своето работно место.
- Не можам веќе да издржам, ме отекоа, само нешто ме прашуват.
- А што работиш?
- На шалтер за информации.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
Софрониј Ерусалимски. Свети Софрониј беше Дамаскинец. Се родил во шестиот век. Во младоста се запознал со монахот Јован Мосх и заедно со него ги опколил пустиножителите во...
На денешен ден
- Светски ден на борба против туберкулозата
1603.- Во Лондон умре англиската кралица...
1783.- Шпанија ја призна независноста на САД.
1834.- Роден е англискиот социјалист, писател и...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби