ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНА

Бидете добар родител, а не дилер на дигитален хероин

Технологијата ни стана основен дел од нашиот живот. На паметните телефони запишуваме важни настани, гледаме временска прогноза, на таблетите сурфаме, читаме вести, на лаптопите работиме, пишуваме мејлови, преземаме документи од интернет, дури и почнавме да читаме книги на тие мали екрани. Заборавивме како е да се живее во свет без технологија. Дали ги паметите оние старите будилници кои ни ѕвонеа наутро? Да, сега најверојатно ви текна, но сигурно не ви ни паднале на памет покрај смарт телефоните. Сите се опседнати со технологијата, а најмногу страдаат децата.

Некои родители сметаат дека детето треба од мало да се учи на сè, вклучувајќи и тоа да користи технологија. Други родители, сметаат дека штом компјутерите се дозволени во училиште, значи добри се за децата. Трети пак, за да не им досадуваат децата при извршување на обврските, им вклучуваат игри на таблетите за да се занимаваат додека работат. Но, вие како родител, дали сте размислиле колку тие може да бидат штетни?



Да започнеме најпрво од здравствена гледна точка. Во одделението на вашето дете, сигурно три деца носат очила за вид, а најверојатно и повеќе. Тие мали очиња, потребни се да гледаат чисто и да не се оптоваруваат со штетното зрачење од екраните. Во наше време, штетно беше да гледаме ТВ одблизу, а сега сите деца се како мумии влезени во телефоните. Како може да му се развие мозокот на тоа дете од еден обичен телефон? Да, сега би рекле па има игри за меморија, има игри за размислување, но каде е интеракцијата? Дали на тој начин вашето дете се развива? Дали се социјализира? Најверојатно не! Уште полошо е ако детето веќе си создало навика, а вие во одреден момент не му дозволите да игра на мобилниот телефон, па тоа станува нервозно, почнува да вика, да плаче, дури и да се заканува дека ќе се повреди! Таа невина душа не смее, не треба да има такво детство, туку смирено детство кое што ќе го помине во интеракција со други врсници и ќе си го развива мозокот со реални игри.



Второ, што е со неговиот социјален живот? Можеби се уште има пријатели, но ако стане зависен од некој уред, може да се затвори дома и ништо да не прави. После тоа нема да знае муабет да направи, нема да знае да се замеша меѓу народ, а сите знаеме што се случува со тие пропаднати случаи.

Трето и последно, вие сте виновниците! Да, вие самите! Многу научници технологијата ја нарекле „дигитален хероин“, бидејќи според нивните истражувања, технологијата кај зависниците го активира мозокот исто како што го активира и некоја дрога! Немојте ве молам повеќе да се објаснувате со зборовите дека сите го прават тоа и дека сите деца денес знаат да ракуваат со телефони. Престанете да се фалите како вашата три годишна ќерка знае сама да си уклучи YouTube, бидејќи тоа не е успех. Наместо да вложувате пари во технологии, вложувајте во играчки, во книги и во едукативен материјал. Вие сте оној кој треба да го извади детето на прав пат и да му покаже што е добро во општеството, а што не!



Најголемите имиња во технологијата, како што се познатиот Бил Гејтс и основачите на Google - Сергеј Брин и Лери Пејџ ги праќале своите деца во училишта каде што не се користи технологија и никако не користеле технологија пред нив! Ако технологијата е добра за децата, тие први би ја вовеле пред своите, а потоа и пред другите.

Затоа, драги родители, ограничете го пристапот до технологијата на вашите деца додека е уште рано! Излегувајте во природа, играјте фудбал, кошарка, оставете ги децата да се дружат во маало, купувајте им играчки и книги кои им одговараат на возраста, но немојте да го отупувате тоа мало и паметно мозоче со технологии. Оставете ги самите да ги откриваат технологиите, кога навистина ќе им бидат потребни во подоцнежна возраст. Тие се доволно паметни, па ништо нема да испуштат. Иако сега се мали и не разбираат, ако им дозволите технологијата да им го уништи детството, нема никогаш да ви опростат. Затоа што, ние до ден денес паметиме како сме краделе цреши од кај соседот, а не дали некој ни стиснал лајк на Facebook или пак дали сме го поминале 8-то ниво на Minecraft. Бидете совесни и паметни, па макар и ви се смееле некои други родители!

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби