Кои се највеликодушните земји во светот?

Консалтинг фирмата „Gollup“ спровела истражување на над 145.000 луѓе од повеќе од 140 земји, прашувајќи ги дали неодамна донирале пари во добротворни цели, дали волонтираат и дали им помагаат на другите во неволја.

Слично истражување пред некое време спровеле и „Global Civic Engagement Report“, фирма која го обиколи целиот свет. Според нивните резултати, 1.4 милијарди луѓе донираат пари, 2.2 милијарди им помагаат на странците, а скоро милијарда луѓе волонтираат.



Според овогодинешните резултати на „Gollup“, на листата на највеликодушни луѓе се нашле жителите на Мјанмар, САД, Австралија, Нов Зеланд и Шри Ланка.

Мјанмар

Со оглед на тоа дека локалните будистички жители веруваат во карма, донирањето е дел од нивниот начин на живот. Иако тоа до скоро се однесуваше на монасите кои зависеле од тие донации за преживување, во последно време сѐ почесто тие пари се подаруваат на сиромашните.

САД



Со оглед на големината на земјата, навиките на овие жители варираат, но постојат многу непрофитни организации кои се занимаваат токму со добротворна работа. Американската великодушност особено се чувствува кога целата нација се обединува за некоја цел, како тоа што беше случај за преживеаните од нападот на 11 септември.

Австралија

„Еднаква шанса за успех“ е сржта на австралиската култура. Посебно се ценат оние кои успех го постигнуваат со сопствен труд, а потоа остануваат приземјени и скромни. Австралијците особено се истакнуваат во вонредни ситуации, а еден од примерите е нивната донација од 42 милиони долари упатени кон Индонезија по цунамито.

Нов Зеланд



Жителите на Нов Зеланд имаат „должност“ да си помагаат едни на други. Тоа го одржува и движењето „Бесплатен пазар“ во чии продавници и пекари донираат храна која не ја продале.

Шри Ланка

Сржта на религијата на жителите н Шри Ланка лежи во поттикнување на делбите и милосрдието. Сите се охрабруваат да прават добри дела, од давање крв до донации за училиштата, а постои и бесплатно делење храна за време на празниците. Во тоа време и најмногу се волонтира, со чистење на јавни површини, во болниците или во изградените домови за бескуќниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби