Ким Скот е поранешна директорка на Apple и Google, а сега отворила фирма преку која нуди различни тренинзи и совети за директори на различни компании. Авторка е и на книгата „Radical Candor: Be a Kick-Ass Boss Without Losing Your Humanity“, а еден од најкорисните совети кои ги дава е како да ја извлечете потребната информација од вработениот.
Еден од проблемот при односот и комуникацијата со вработените е што тие на прашањето „Дали сѐ е во ред“ ќе одговорат дека сѐ е во ред, иако во реалноста работата е многу поразлична. Мислењето на вработените е исклучително важно, бидејќи токму нивното мислење може да ја кочи работата и развојот на фирмата.
Ким советува дека во такви ситуации треба да се примени правилото 6 секунди непријатна тишина – кога вработениот кажува дека нема проблем и сѐ е во ред, шефот би требало да молчи 6 секунди, кои ќе направат да изгледаат како да се многу подолго. Голема е веројатноста многу луѓе да не го издржат тој „тивок притисок“, па на крај ќе кажат што е проблемот и што е она што им пречи на работното место.