САД НА ПРВО МЕСТО

Кои се најмоќните воени сили во светот?

Според воените истражувања, Соединетите Американски Држави се уште се водечката воена сила во светот. Овие држави моментално трошат околу 600 милијарди долари годишно на војска. Кина се наоѓа на второто место со околу 160 милијарди, а тоа е само 1/3 од американските трошоци.



Според извештајот на Меѓународниот мировен истражувачки институт во Стокхолм, САД ги намалил трошоците за 7.8% бидејќи моментално се повлекува од прекуморските операции како што се Авганистан и Ирак. Меѓутоа, најавите на новиот претседател Доналд Трамп се дека потрошувањето би можело повторно да се врати на стара состојба.

Од друга страна пак, Русија ги зголеми трошоците за војската и продолжува да ја модернизира воената опрема, а воените вежби се сѐ поквалитетни.

Носачите на воздухопловство моментално се клучен дел од вооружените сили на светските воени сили, но ги поседуваат само одредени земји. Овие носачи придонесуваат многу во вкупната воена моќ на земјата. Денес, значително се менува и глобалната трка при известувачките мисии и надзори, со оглед на носачите, но и на беспилотните летала.

САД има апсолутен монопол со своите суперносачи на воздухопловство. Поставиле носач во Персискиот залив, за да ја зајакнат поморската и воздухопловната сила против Исламската држава во Ирак. На тој начин го набљудуваат Корејскиот полуостров.



Русија неодамна исто така поставила носач во Медитеранот како помош на владата на Асад во Сирија.

Порано, Велика Британија имаше огромна моќ со оглед на нејзината морнарица, но со оглед на новите технологии и опреми нејзината моќ е опадната. Сепак, се уште е важен елемент во воените сили, бидејќи носачите на воздухопловството се големи мобилни воени бази кои може да се постават во кој било дел од светот и тие никогаш не пловат сами. На пример, Американците употребуваат CarrierStrikeGroup, пловачка група која се состои од носачи на воздухопловство, најмалку еден брод, две фрегати и/или авион уништувач, а често се попратени од логистички бродови и подморници.

Според овие податоци може да видиме дека во 21 век не е најсилна земја онаа која поседува најмногу војници или тенкови, туку онаа која поседува нуклеарно оружје, технологија, известувачки алати и секаква опрема која ќе помогне да се порази непријателот.



25 најсилни воени сили на земјите во светот:

1. САД – 2.500.00 војници, 8848 тенкови, 13.444 авиони, 19 носачи на воздухопловство, 75 подморници
2. Русија – 4.017.110 војници, 15.398 тенкови, 3547 авиони, 1 носач, 60 подморници
3. Кина – 4.635.000 војници, 9150 тенкови, 2942 авиони, 1 носач, 68 подморници
4. Индија – 3.468.000 војници, 6464 тенкови, 2086 авиони, 2 носачи, 14 подморници
5. Франција – 400.770 војници, 423 тенкови, 1282 авиони, 4 носачи, 10 подморници
6. Велика Британија – 332.000 војници, 407 тенкови, 879 авиони, 1 носач, 10 подморници
7. Јапонија – 307.900 војници, 678 тенкови, 1590 авиони, 3 носачи, 17 подморници
8. Турција – 596.130 војници, 3788 тенкови, 1007 авиони, 3 подморници
9. Германија – 325.000 војници, 408 тенкови, 676 авиони, 5 подморници
10. Италија – 362.000 војници, 586 тенкови, 785 авиони, 2 носачи, 6 подморници
11. Јужна Кореја
12. Египет
13. Пакистан
14. Индонезија
15. Бразил
16. Израел
17. Виетнам
18. Полска
19. Тајван
20. Тајланд
21. Иран
22. Канада
23. Австралија
24. Саудиска Арабија
25. Северна Кореја



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби