ПЕТОК - ДЕН ЗА КОЛУМНА

Дали сте биле на патување без да платите ни денар?

Ако имате среќа, само една единствена фантазија, може да ви ја промени целата реалност во вашиот живот - Маја Ангелоу

Многумина од вас би се препознале во мојата желба да патувам. Сигурно и вие би сакале да избегате од секојдневието и да уживате некаде каде што нема да го гледате шефот, нема да ги гледате натрупаните обврски на работа или дома, вашите соседи кои секогаш имаат некој нов трач за вас и вашите пријатели кои од време на време ви досадуваат. Дали некогаш сте биле на патување, без да платите ни денар? Би се осмелиле да го направите тоа?



Станува збор за патување во вашите фантазии, во убавината на вашите мисли. Сѐ што ви треба е да ги исклучите гласните мисли и тишина.. за тоа не требаат пари, само пригодно време од текот на денот, кое може да биде рано наутро кога сите дома спијат, или пак доцна навечер. Можеби во времето кога децата се на училиште, сопругот е на работа.. сѐ зависи од вашите работни обврски. Но, навистина е важно барем еднаш во неделата (јас искрено би сакала секој ден) да си одделуваме по половина час мир. Некои од нас наоѓаат мир во природа, некои во длабочината на уметничка слика, некои во мекоста на фотелјата свртена кон прозорецот, некои во медитација...

Но, што има толку убаво во тоа бегање од реалноста? Зошто го посакуваме токму тоа?

Затоа што таму ни е идеалниот живот. Таму сме среќни, весели, таму трчаме на некоја ливада или пиеме превкусен коктел на некоја плажа, додека нозете ни се ладат од океанските бранови.. таму нема проблеми, нема политички муабети, едноставно ги нема работите кои секојдневно ве окупираат. Си мислиме на убави работи, на тоа какви би биле кога би биле совршени. Никој не е совршен, секој од нас си има свои маани и доблести. Некои ги забележуваме, а некои не. Многупати додека сум седела така, исклучена од реалниот свет, сум „се вратила“ подготвена да ги сменам лошите работи во мене. Сум прегледала од друга гледна точка и сум сфатила дека тоа и не е така добро како што сум мислела до сега. Токму од овие мирни моменти и ладни глави – доаѓа животот!



Без разлика од тоа дали ја имате целата поддршка и љубов од семејството, од мажот или од родителите, самите мора да се потрудиме за нашиот мир. Тие се тука за нас безрезервно. Но, ние не треба да дозволиме да се изгубиме во реалноста и да немаме време за себе. Многу млади мајки не знаат како да се носат со сите обврски, па забораваат на себе. Немојте да дозволите да станите таква личност. Научете каде треба да го стиснете копчето за исклучување од реалноста и обидувајте се да го користете почесто. Верувајте дека животот ќе ви се промени, но и ќе ви се продолжи!

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Спортски пилот на аеро митинг прави лупинзи, и одеднаш забележува дека му се запалил десниот мотор.Веднаш се јавува во контролната кула:
- Десниот мотор се запали,што да...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
маченичка Гликерија. Света Гликерија живееше и пострада за Христа во вториот век. Беше ќерка на некој римски гувернер. Татко и умре уште додека Гликерија беше млада. По ова таа...
На денешен ден
1882.- Германскиот бактериолог Роберт Кох...
1905.- Во Велес е роден Стефан Гајдов,...
1972.- Во Москва е потпишан договор меѓу САД и...
1994.- Весникот на албански јазик "Флака е...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби