Саем на книгата, Скопје травел маркет и Денови на образование и кариера

Од 4ти април до 10ти април на Скопски саем може да ги посетите 29от Меѓународен саем на книгата, 20от Меѓународен саем за образование и кариера и Скопје травел маркет. Овие денови на Скопски саем се резервирани за сите чија имагинација талка, кои отвораат нови поглавјa и кои сакаат да го видат светот.



Саемот на книгата е една од најзначајните културни манифестации во Македонија обезбедувајќи ја најголемата концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. Овој саем е креатор на традицијата и култот кон пишаниот збор поттикнувајќи безброј луѓе од година во година да се вљубуваат во книгата.



Манифестацијата „Денови на образование и кариера“ на едно место ги обединува сите државни и приватни високообразовни институции од земјата и странство кои пред посетителите ги претставуваат додипломските и постдипломските студиски програми, институциите и компаниите кои имаат програми за студирање со стипендии и кредити, компании кои нудат професионална пракса за студентите, како и компании кои нудат вработување на квалификуван кадар на соодветни работни позиции. Овој настан е наменет за студентите од сите степени, како и ученици од средно образование, идни студенти, кои треба да целат кон донесувањето на правилна одлука за нивното натамошно образование и професионална ориентација.



Скопје травел маркет е уникатна можност за квалитетно разгледување на туристичката понуда и опции за патување за секој кој сака да го види светот. Туризмот неминовно се вклопува во трендовите на општествениот и социјален живот на 21от век.

Саемите ќе бидат отворени од 10.00 до 20.00 часот, цената на влезницата за сите посетители изнесува 30 денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби