Во метрото во Мексико било поставено седиште со пенис, кое кога ќе седнете се исправа, исто како ерекцијата на пенисот. Зошто ли тоа е потребно? Кој се шегува вака лошо?
Најверојатно тоа биле мислите кои им поминале низ глава на луѓето кои го забележале седиштето. Сепак, само оние кои седнале на истото, ја забележале пораката под седиштето:
Непријатно е да седите овде, но не се ни споредува со она што го чувствуваат жените кога се сексуално злоупотребувани. Девет од десет жени во Мексико се жртви на сексуално малтретирање. Моќна порака, нели?