ЗА ДА НЕМА ДВОУМЕЊЕ ПРЕД ШТАНДОВИ

Предлог книги кои може да ги купите од Саемот на книгата

Од утре (4ти април) и официјално се отвораат вратите на Саем на книгата, каде што многу книжари и издавачки центри нудат неверојатен избор на книги. Најчесто кога сме пред целиот тој избор не знаеме што да избереме и посегнуваме по бестселерите. Понекогаш правиме грешки и воопшто не ја избираме книгата која ни се допаѓа, па токму затоа, од книжевниот центар „Антолог“ ви предлагаат топ 5 книги, кои ќе може да ги најдете на нивниот штанд.

Круг – Дејв Егерс



Застрашувачка визија на блиската иднина во која приватноста исчезнува, а со светот владее корпорација моќна како „Гугл“, „Фејсбук“ и „Твитер“ заедно.

На 28 април во кината низ светот ќе се случи светската премиера на блокбастерот „Круг“, со Ема Вотсон и Том Хенкс во главните улоги. Бестселерот според кој е снимен филмот преведен на македонски – ексклузивно во „Антолог“.

Лавиринтот 1 и 2 – Џејмс Дашнер



Број 1 бестселер на „Њујорк тајмс“ и блокбастер снимен по него.

Првите два дела од мегахитот „Лавиринтот“, научнофантастична сага што го освои светот, на македонски јазик во пакет за уживање во возбудливите страници.

Сеќавања и желби – Лиса Апињанези



Извонредно испреплетена сага од страст и скршени срца, која ќе ве турка да погодувате што понатаму...

Љубовна приказна што почнува во Париз во 1934 година и завршува во Њујорк во 1980 година. Книга што ги истражува длабочините на еротската психа и раскажува за една прекрасна жена, за нејзиниот живот и за скандалозните постапки што ќе остават последици врз повеќе генерации на два континента.

Пат кон бескрајот – Џејн Хокинг



Стивен Хокинг можеби размислува во 11 димензии, но неговата прва жена научила да љуби во неколку.

Биографска приказна на еден од најгенијалните умови на сите времиња – Стивен Хокинг, раскажана лично од неговата прва жена, Џејн Хокинг. Оскаровскиот филм „Теорија за сè“ од 2014 година е снимен според оваа книга.

Магионичар – Магдалена Парис



Иако описот може да изгледа како политички трилер, ова е нешто повеќе.

Генијална книга во која станува збор за операција во која Штази, во соработка со бугарските граничари, наредувала убиства на граѓани од Источна Германија што патувале преку Бугарија во времето на Железната завеса.

И уште над 100 нови наслови кои може да ги погледнете на нивниот каталог.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби