ОД СВОЕ ЌОШЕ

И кучињата имаат душа, знаеш?

Деновиве, повторно се соочуваме со проблемот кој постојано се враќа во нашите општества. Станува збор за напади од кучиња врз луѓе. Пријавени се неколку случаи, но истите се случуваат постојано, само што не стигнуваат редовно до медиумите. Тие пак, за да стигнат до некоја информација, пишуваат сѐ и сешто, без да ја проверат веродостојноста на настаните. По неколку објави, многу луѓе се кренаа и најостро ги осудуваат нападите на кучињата, па дури и апелираат истите да се усмртат.

Да, на сите ни е помил животот на човекот, отколку на животните, но и кучињата имаат душа. Не за џабе е кажано дека кучето е најверен пријател на човекот. Како ќе се однесуваш кон него и тоа така ќе се однесува кон тебе. Го галиш, ќе се топи во твојот скут – го тепаш, ќе те напаѓа постојано. Исто како и односот со луѓето, ако некого напаѓате сигурно нема да ви стои мирно и само да ве трпи без да се одбрани. Истото и вие би го направиле, така?



Затоа најпрво смирете ги страстите. Размислете трезвено и тргнете ја нервозата пред да апелирате за нешто. Очигледно е дека многумина веќе започнале да преземаат некои ригорозни мерки, кои ја преминуваат секоја граница. Низ парковите и шеталиштата расфрлан е отров за кучиња, но изгледа заборавате дека токму таму си играат и деца, кои што се мошне љубопитни и многу лесно може да го допрат отровот. Ако не дај Боже се случи нешто такво, кој ќе биде виновен?

Барајте ја вината во институциите, кои постојано молчат за овој проблем. Бројните здруженија кои се грижат за животните со години апелираат за решавање на овој проблем, кој зема сѐ поголем замав. Мора да се обезбеди буџет, кој ќе овозможи кучињата да се стерилизираат, кастрираат и вакцинираат. На тој начин, нема да бидат агресивни и нема да напаѓаат. Исто така, потребно е да се згрижат во стационари за кучиња, каде што редовно ќе бидат хранети и добро одгледувани. А секој кој што ќе сака да си посвои кученце, ќе може да си го земе оттаму и на тој начин да му овозможи да биде домашно милениче, најдобар другар и да му ја даде целата љубов на овој свет.



Па жити се, некои луѓе немаат така добра душа како што има едно куче!

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби