НИКОГАШ ДОСТА

До кога планетата Земја ќе нè изненадува?

Можеби некои од вас мислат дека човекот истражил сè и нема веќе многу работи кои што може да се истражат на планетата Земја, но всушност има толку многу работи кои не сме ги замислиле, а камо ли да ги видиме во живо. За да ви покажеме колку може да е разновидна нашата планета, погледнете ги следните факти:

Арктички вулкан и неговите труби



Планината Еверус е една од најголемите планини со активен вулкан на Антарктикот. Покриена е со снежни труби направени од пареата која излегува од вулканот.

Светлечки столбови



Овој феномен се појавува кога светлината од сонцето, месечината или светлата од градот се рефлектираат во честичките мраз во воздухот.

Снежни „шпагети“ во едно од езерата во Финска



Еден човек од Финска, откри мраз во форма на шпагети формирани во езерото близу неговата куќа. Најверојатно се формирале вакви форми поради струјата на водата заедно со ветерот, додека се топел мразот.

Шума која танцува



Во Русија има шума каде што стеблата на дрвјата се извиткани, а научниците се уште немаат некој заклучок во врска со оваа појава. Некои сметаат дека станува збор за паразити, а други за ветрови. Оние постарите дури сметаат дека местото е опседнато со духови.

Вонземјани



Во минатото некои мислеа дека овие светла се некои вонземјански бродови, но потоа се докажа дека станува збор само за обични светла од далечината.

Крвави бранови



Црвената боја е предизвикана од голема количина на црвени алги близу водната површина. Познато е дека овие алги ги убиваат рибите, па опасни се и за луѓето.

Огнени топки



Реката Меконг во Тајланд понекогаш исфрла пурпурни топки кои исчезнуваат во воздухот. Најчесто оваа појава се појавува во октомври, па дури има и фестивал посветен на овие топки.

Долината на паднатите птици



Во Индија, со векови птиците се однесуваат многу невообичаено: летаат ептен ниско, па дури и се симнуваат до земјата и кружат. Причината за ова однесување најверојатно е во геофизичките неправилности.

Прстот на смртта



Овој феномен се случува поради различни температури на смрзнување во арктичките води. Изгледа како наеднаш да се создава мраз, кој го смрзнува дното на водата. Исто така, ги смрзнува и сите животни кои во моментот се наоѓаат на дното.

Скриен океан во јадрото на Земјата?



Последните истражувања покажуваат дека длабоко во Земјата се наоѓа огромен океан, кој може да биде со иста површина како целата вода на Земјата. Но, дали е ова доволно истражено за да се донесе овој заклучок?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби