СОВЕТИ ЗА ВРЕДЕН РАБОТНИК

Што се бара од младите при нивното вработување?

Секој млад искусил проблеми при барањето работа, па многу малку од нас чувствуваат страв на почетокот кога ќе се вработат. Првиот ден на работа е еден од тие кои се памтат цел живот.

Прво што сфаќате е дека знаењето кое сте го стекнале за време на школувањето не е доволно. Работниот успех секогаш е комбинација од способност, борбеност, искуства и среќа. Снаоѓањето во новата работна средина е поедноставно ако се слуша вашето мислење. Но, како да го постигнете тоа влијание?



- Година дена во улогата на приправник за мене беше прилика која ми овозможи да ја запознаам компанијата во која работам. Цела година слушав предавања и учествував во работилници за сите сегменти на работата на нашата компанија. Со тоа стекнав увид во секој аспект на работата со која се занимава компанијата и успеав да добијам една поголема слика. Запознавањето со работата ми ја олеснија и менторите кои ми беа на располагање во секој момент, изјави Нивес, која моментално работи во една од водечките компании во Хрватска.

Кој е советот кој треба да ви стои на памет постојано?

Можно е вашето прво работно место да не биде работа од соништата, но времето поминато таму треба да го искористите најдобро што можете. Секој момент може да биде прилика за учење. Вашата идеја може да биде многу вредна, па затоа не треба да молчете. Гласно изговорете што мислите бидејќи самостојноста, желбата за знаење и амбицијата за усовршување може да ве донесе до напредок.

За Нивес, која својот пат во кариерата го започнала како приправник без никакво искуство, и било важно во работната средина да има луѓе кои се спремни да и го пренесат знаењето. Она од што е најзадоволна е приликата која на почетокот и ја овозможиле – нејзините колеги и помогнале да развие знаење и вештини, со што нејзиното мислење почнало да се почитува.



Што бараат компаниите од своите млади вработени?

Поставете јасна цел

Важно е да знаете што сакате и да ги дефинирате вашите приоритети и цели. Младите треба да почнат да ги градат темелите во својата професионална кариера уште додека се на факултет.

Бидете активни

Формалното образование нема да биде доволно за исполнување на вашите работни планови. Важно е да учествувате на сите достапни натпревари и да гледате на нив како вложување во вашата иднина. Од младите за време на нивното студирање се очекува дополнителен ангажман, односно покажување иницијатива во различни области. Тоа бара вложување на повеќе време и труд, но треба да се гледа на долгорочен план, па токму затоа искористете ги сите прилики кои ви се нудат.

Запознајте ја компанијата

Важен елемент при барањето на работа е запознавање на компанијата каде што го праќате вашето CV. Битно е да ги проучите структурите и процесите на компанијата, да се запознаете со нејзините активности, досегашни постигнувања и понатамошните цели. Размислите како вашето досегашно работно искуство или вашето студирање може да придонесе со она што се работи токму во таа компанија. Ова ќе ви биде мошне важно, па добро би било да го искажете на првото интервју на кое ќе ве повикаат. Кога ќе виде работодавецот дека се трудите, сте истражиле убаво и го поседувате токму тоа што треба, вие сте на чекор до вработување.

Епа, среќно!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби