Дали некогаш сте помислиле дека од вашата стара колиба може да направите неверојатно катче за дружба?
Токму тоа и дошло на идеја на Лин Робсон, која случајно налетала на стара колиба, која решила да ја реновира.
На реновирањето работела заедно со нејзиниот сопруг, а проектот го нарекле She Shed. Најпрво ја сместиле колибата во нивниот двор, а потоа собрале дрва за да може да ја реновираат. Земале сè што е потребно, поврзале струја, поставиле мебел, декорирале, ставиле цвеќе и се подготвиле за дружбата.
На крај колибата било омилено место за седење, каде што се собирале заедно со нивното семејство и пријателите. Одлична идеја доколку имате поголем двор.