ОД СВОЕ ЌОШЕ

Бонтон во канцеларија: Сечи нокти на биро, викај, оставај влошка во тоалет...

Влегувам утрово во канцеларија и уште нерасонета до ноздрите ми допира мирис на лак за нокти. Колешките решиле да се лакираат рано од сабајле и да го почнат денот со лакирани нокти. Нема да шетаат нелакирани, на што личи тоа? Си седнувам на биро и некој звук ми удира во мозок...Сфаќам дека еден колега си сече нокти на биро. Си викам дали ќе ме удри со некое нокте по лице за да се расонам како што треба? Добро бе, па дали дојдов во фирма или влегов во некој козметички салон? На што личи ова? Се запрепастувам од културата.



Битно добро почна неделата со ноктите. Се надевам ќе имам време и моите да си ги средам до петок, ако не на работа ќе ги средам, нема да сум ниту прва ниту последна. Почнувам да работам, пишувам, штракам на тастатура и оп некој вика од едниот крај на просторијата до другиот крај.

-Ајде да одиме на појадок?
-Ама јас сум на диета...
-Епа добро де ќе јадеш салата!
-Не можам веќе салата, преку глава ми е!
-Ќе најдеме друго.
-А што друго ми предлагаш?...

И муабетот си трае „добри“ 20 минути. Каде е културата бе луѓе? Што се случи со вас? Нели се наоѓате во фирма? Нели сте вработени? Дали знаете што е етика или треба со секое вработување да се дава едно флаерче за бонтон во канцеларија? Катастрофа сме! Се срамам да кажам што прават некои личности на работа.



Подголтнувам, си викам „Не биди ти таа лошата колешка која постојано се буни и сѐ нешто и пречи“. Си ќутам и си работам. Сигурна сум дека ниту јас не сум цвеќе за мирисање и правам одредени грешки, но се надевам дека не му пречам на некого во работата, бидејќи кон сите се однесувам со почит.

Гужвата и викањето може да ги „сварам“. Не ги разбирам оние луѓе кои ќе ти се тупнат на сред муабет и ќе си седнат до твоето биро без осет дека можеби со колешката зборуваме за доверливи работи кои што не смеат да излезат од нас и никој не смее да ги знае. Секогаш има такви кои се попаметни од тебе, кои имаат подобра идеја, кои ќе го решат проблемот во рок од две секунди, кои се полни со своето јас, иако не знаат за што станува збор, ниту пак како може да се реши проблемот. Битно се тука и слушаат муабет. Морална поддршка ни даваат, добри се за тоа барем.

Повторно ќе кажам, се стрпувам и од овие личности. Она што најмногу ме нервира и од што буквално ми се крева коса, е кога ќе го посетам тоалетот. Со сигурност може да кажам дека машкиот е за три пати почист од женскиот тоалет. Измочан капак, оставени влошки, неисчистена шолја после голема нужда... Сигурно ви се згади од самото читање, но јас тоа го доживувам секој ден. Ако вака си оставаат зад себе дамите и госпоѓите, можам да замислам дома какви им се тоалетите. Жива зараза човече! Болести еден куп.. Е баш тие истите дома не ти даваат да влезеш со чевли, ќе им се извалка тепихот и ќе им внесеш некои бактерии од надвор.



Стоп! Пред тие патетики да ги слушам, чистете си зад себе во секое wc кое го посетувате, без разлика каде сте. Бидете така културни како што изгледате убаво. Потрудете се да имате бонтон, барем колку толку, за на крај сите среќно да си тргнеме накај дома и да знаеме дека утре нема да се онесвестиме од она што ќе го видиме во тоалетот.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби