Мрдни со Прст и ХОПС организираа хуманитарна аукција за дечињата

Насмеани лица, убава атмосфера, преполна Јавна Соба, Сашко Коцев во елемент и дарежливи познати македонски уметници, дизајнери и писатели. Ова беше сликата во вторничката вечер се мрдна со прст за децата кои доаѓаат во центарот за ресоцијализација и рехабилитација во ХОПС. Целта е постигната! Освен што се продадоа сите дела, се собраа 295.692 денари.

Вечерта започна со диџеј Цако кој ја загреа атмосферата и ги размрда присутните кои уште од самиот почеток беа подготвени за одлична забава. По краток говор на извршниот директор на ХОПС - Христијан Јанкулоски кој се заблагодари на сите присутни за нивното мрдање со прст за проблем кој многу дечиња ќе ги оставеше без потребната грижа, започна гласната аукција на уметничките дела со Сашко Коцев. Паралелно со гласната аукција, траеше и тивката аукција каде луѓето на лист хартија се наддаваа за сликите, фотографиите и изработените дела.

-Треба да се мрдне само со еден прст за да придонесеме многу! Замислете пак целите да се внесеме во нешто, а мрдањето со прст да биде само почеток? Ние вечерва ќе започнеме да мрдаме со прсти и се надевам дека на проблемите ќе им „брцнеме“ во око! Вечерва имаме уметнички дела на наши уметници и дизајнери, дрес од Горан Пандев, дизајнерски накит и книги, па бидете подготвени да се наддавате бидејќи на дечињата од ХОПС им е потребна нашата помош“, изјави Сашко Коцев во преполната Јавна Соба на почетокот на гласната аукција.

Уметниците кои што се вклучија во хуманитарната акција: Ване Костуранов, Зоран Кардула, Индог, Тони Попов, Вања и Катја Штркова, Ирина Тошева, Иван Петрушевски (Флим), Јана Јакимовска, Ненад Тонкин, Ана Бунтевска, Влатко Деков, Нора, Ани Би, Елена Фиданска, Ерина Богоева, Дејан Бошковски, Dreadpen, Ем Елепфантски, Лилика Стрезовска, Дороти Пачкова, Скопско астрономско друштво, Мартин Стојановски, Гордана Вренцоска, Александар Наумчевски, Симона, Анастасија Величковска, Лидија Колега, Соња Манџук, Васко Серафимов, Марија Трпеска, Тихомир Јанчовски, Александар Р, Ирена Мила, Никола Пијаманов, Крсте Анастас Глигорјадис и Галерија Анагор, Маноли Динковски, Верица Пиперевска, Љупчо Бојаров, Александра Петкова Џианели, Коста Клифов, Мартин Велковски, Стефан Стефанов, Наташа Милованчев.

По успешната аукција, вечерта продолжи со DJ Goce SAF кој буквално ги размрда сите на подиумот во преполната Јавна Соба. Хуманитарната аукциска вечер со познати уметнички имиња беше наменета дечињата чии родители се корисници на дроги и сексуални работници.

-Како недостиг на финансии имавме голема потреба да мрднеме со прст и да направиме хуманитарна аукција со цел дечиња да продолжат да доаѓаат во дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС, каде ќе продолжат да разговараат со својот психолог, да работат со својот педагог, ќе комуницираат со социјалните работници, ќе изработуваат креативни изработки, ќе го развиваат својот креативен ум, а воедно ќе им овозможиме повеќе социјални активности и посети на културни настани, изјави Ирена Мила од ХОПС.

Успешната аукциска вечер е резултат на соработката помеѓу ХОПС и граѓанската иницијатива Мрдни со прст. Кампањата „Мрдни со прст“ продолжува и понатаму, а секој кој сака да се пријави за следните акции или да пријави проблем може тоа да го направи преку веб страната www.mrdnisoprst.mk или Facebook страната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби