Гради ја својата успешна приказна во нов и уникатен co-working space

Work for yourself, not by yourself, токму тоа е мотото на OpenSpace, новиот социјално инклузивен co-working простор во Скопје, со својата локација на Бихаќка 3 (на самиот агол помеѓу Огнен Прица и Бихаќка, во каскадната зграда пред Симпо). ОpenSpace со својот уникатен внатрешен дизајн со дела од млади и урбани уметници, и со својата уникатна приказна, дефинитивно нема да Ве остави рамнодушни, а на нашите стартапи, фриленсери, креативци, студенти и дигитални номади им нуди поинаква перспектива на работењето.



Една од нашите цели е да понудиме алтернативен простор за млади претприемачи и фриленсери, кои се во потрага по релаксирана атмосфера која ќе ги инспирира, а во исто време ќе направи да се чуствуваат како дома. Воедно овој простор му овозможува на секој млад човек да си дозволи сопствен деловен простор по пониска цена, наместо да изнајмува скапа и традиционална канцаларија. Токму затоа, OpenSpace преставува мал универзум каде уникатни и креативни професионалци се сретнуваат, и помагаат при создавање на нови успешни приказни на стартaп сцената во Скопје и Македонија.



OpenSpace се разликува од постоечките co-working простори во Скопје, со тоа што е единственото социјално инклузивно co-working катче, кое покрај тоа што ги спојува младите претпримачи и фриленсери, воедно им овозможува да бидат општествено одговорни, и да допринесат при креирањето на успешни приказни на младите луѓе кои се од социјално загрозени групи. Всушност, овој простор нуди програма за пракси и ангажмани за млади луѓе кои припаѓаат на социјално загрозени групи, и кои никогаш ја немале можноста за проефесионален ангажман поради своите недостатоци, а имаат талент и огромна желба за напредок. Со овој пристап, OpenSpace сака да придонесе при создавање на општествено одговорни компании во Македонија, кои ќе се погрижат за развој на одржливо општество. Свесни дека сите претприемачи се трудат да бидат поинакви, ние им помагаме да бидат препознатливи по едно нешто, а тоа е дека се општествено одговорни, и се дел од создавањето на среќни приказни на сите млади луѓе кои ќе бидат дел од нашиот микро-универзум.

Воедно, OpenSpace има за цел да им понуди на студентите еден поинаков простор каде што ќе можат да работат на своите проекти. Наместо, да се собираат по кафе барови, и по студените библиотеки, OpenSpace им ја отвара вратата на својата конференциска сала по симболична цена, за изработка на своите проектни задачи. Креативниот и уникатен дизајн на нашиот простор ќе се обиде да им вдахне мотивација на нашите идни претприемачи и креативни луѓе. Истовремено, посетувајќи го нашиот простор можеби ќе ја најдат првата работа или пракса.



Свесни дека Скопје, почнува полека, но сигурно да ги следи светските трендови, јасно е дека во нашето општество можат да се најдат се повеќе млади луѓе кои одлучуваат да работат за себе. Посетете не, и бидете дел од нашиот социјално инклузивен co-working универзум.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби