5 најсмртоносни вулкани во светот

Од 1600 год. до денес, 278 880 луѓе загинале од вулканска активност, со голем број од тие смртни случаи предизвикани од секундарни опасности поврзани со главната ерупција.

Од 1980-тите, смртните случаи поврзани со вулканските ерупции се значително намалени, но преостанатиот број на вулкани кои можат да еруптираат сè уште претставуваат огромна закана за населението околу нив.

1) Везув, Италија

Познат по неговата ерупција во 79 н.е која ги уништила градовите Помпеја и Херкуланум, Везув е сè уште значителна опасност врз градот Неапол и околината, во која живеат околу 3 милиони луѓе.

Овој вулкан е познат и по особено интензивната форма на ерупција, т.н Плинијска (според Плиниј Помладиот кој прв ја опишал ерупцијата во 79 н.е). Тоа се тип на ерупции кои се карактеризираат со исфрлање на голем столб од гас и пепел кој се протега до стратосферата, далеку над височината на која летаат комерцијалните авиони.

Доколку таква ерупција се случи денес, најверојатно поголем дел од населението веќе ќе биде евакуирано поради земјотресите кои би се појавиле како нејзини претходници.

2) Нирагонго, Демократска Република Конго

Овој вулкан во централна Африка има еруптирано неколку пати изминатите декади и иако ерупциите не се претерано експлозивни, произведува течна и опасна форма на лава.

3) Попокатепетл, Мексико

Попо, како што го нарекуваат локалците, се наоѓа на само 70 километри од еден од најголемите градови во светот - Мексико Сити, дом на 20 милиони луѓе. Попо е редовно активен, а најскората активност се има случено во 2016 кога столб од пепел бил исфрлен на височина од 5 километри. Вакви слични ерупции предизвикале покривање на планината со дебел слој од пепел кој кога ќе се помеша со вода, може да формира густа каллива смеса која со голема брзина може да тече многу километри.

4) Кракатау, Индонезија



36 000 луѓе ги изгубиле животите од цунамито предизвикано од ерупцијата во 1886-та, која испуштила повеќе енергија отколку 13 000 атомски бомби како онаа фрлена врз Хирошима. Ерупцијата потполно го уништила вулканското острово, но за 50 години се создало ново, наречено Anak Krakatau (детето на Кракатау). Од 1920-тите навака, островот расте во епизодични фази, денес достигнувајќи височина од околу 300 метри.

5) Чангбаишан, Кина

Не многу луѓе слушнале за овој вулкан чија последна ерупција била во 1903-та. Меѓутоа, историјата кажува пострашна приказна – околу 969 н.е, вулканот произвел една од најголемите ерупции во последните 10 000 години, ослободувајќи 3 пати повеќе материјал отколку Кракатау во 1886-тата.

Една од најголемите опасности е масивното кратерско езеро на неговиот врв, кое зафаќа околу 9 кубни километри. Доколку се случи ерупција, езерото може да генерира кал која ќе претставува закана за населението од околу 100 000 луѓе кои живеат во негова близина.

Во раните 2000-ти, научниците почнале да го надгледуваат овој вулкан и утврдиле дека неговата активност се зголемува, дека комората со магма е пополнета скоро до полниот капацитет и дека може да предизвика опасност во наредните декади.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби