ВНИМАВАЈТЕ

Работи кои никако не треба да ги праќате преку службениот меил

Само еден лош и непромислен меил кој сте го пратиле може да има сериозни последици. Бројните истражувања покажале дека токму службениот меил е отров на работното место. Токму затоа мора да внимавате какви мејлови праќате. Мора да избегнувате да праќате:



Ланци за среќа

Ова е работа која треба да ја избегнувате во широк круг, особено на службениот меил. Нема да добиете наследство од чичко од Нигерија или да излечете некој пациент ако го пратите мејлот на 10 пријатели. На тој начин, изгледате мошне непрофесионално.

Недоличен хумор

Секоја шега некој може да ја сфати на погрешен начин, а ако е во прашање црн хумор или каков било вид на шега кој може да навреди одредена група на луѓе, мора да сте претпазливи, бидејќи може да си заработите санкции.

Тајни и доверливи информации

Мора да и верувате на личноста кон која го праќате мејлот со доверливи информации. Секогаш тој меил може да се препрати на некој друг и да стигне до нечии раце.

Гифови

Анимираните гифови се почесто ги употребуваме во нашите разговори, но внимавајте дали е тоа прифатливо на вашето работно место.



Оговарања

Оговарањето е сосема нормална појава, дури и на работа. Но, најлошото нешто што може да го направете е да ширете некои гласини преку службен меил. Воздржете се и оговарајте лице во лице, кога веќе „морате“.

Пријава за работа во друга компанија

Секој има момент во кариерата кога одлучува да тргне во потрага по подобро работно место и нови прилики. Притоа, мора да имате на ум да не праќате молба или CV од службениот меил. Тоа изгледа непрофесионално, а може и да ја загрози вашата сегашна позиција.

Порнографија

Звучи логично, но луѓето често делат различни неприкладни содржини кои може да ги доведат до сериозни проблеми, но и отказно решение. Затоа нека ви остане inbox исчистен од вакви содржини.

Лоши вести и негативни информации

Во овие моменти, подобро е да разговарате очи во очи, отколку да се допишувате преку мејлови. Критиката за работата или лоши информации секогаш треба да се пренесуваат во живо.

Големи и комплицирани одлуки

Личниот разговор или комуникацијата на целиот тим во живо секогаш ќе биде повлијателен од опцијата пишување мејлови. Затоа секогаш трудете се во моментите кога треба да донесете голема одлука, да разговарате во живо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби